15.06.2020

A1 Live Shop – прва виртуелна продавница на пазарот

A1 Македонија пред повеќе од еден месец ја воведе првата виртуелна продавница на пазарот, A1 Live Shop која нуди интерактивно, уникатно и единствено корисничко искуство. Со помош на разговор со А1 агент во живо, може да се добијат детални информации за услугите на А1 како и во било кој продажен салон. Со отворањето на A1 Live Shop, нашите колеги за прв пат се сретнаа со еден поинаков контакт со корисниците – виртуелен, а воедно поминаа и низ бројни обуки како најдобро би се подготвиле и би обезбедиле беспрекорна услуга за нашите корисници.

За предностите на A1 Live Shop и искуствата од изминатиот месец зборувавме со продажните агенти Ивана Картова, Моника Санева, Симона Ангеловска, Огнен Попов и Марио Атанасовски, за тоа кои се нивните досегашни искуства и кои се предностите на виртуелниот продажен салон.

Ивана Картова: A1 Live Shop е виртуелна продавница која е всушност комбинација од стандардна и онлајн продажба. Функционира како стандарден продажен салон, единствена разлика е што не морате да излезете од дома за да го посетите. Начинот на комуникација со продажните агенти е преку аудио и видео комуникација, односно, корисник се најавува преку web страницата www.a1.mk и има можност преку видео сигнал да ја гледа продавницата и изложените производи кои се наоѓаат во истата. Корисникот го гледа агентот со кој е во комуникација, додека агентот не го гледа корисникот.

Кои се предностите на A1 Live Shop и што всушност добиваат корисниците?

Огнен Попов: На едноставен начин, преку нашата веб страница, од која било локација, корисниците може да се информираат за нашите услуги. Доколку се заинтересирани, може да ги искористат промоциите и без непотребно чекање да бидат услужени. Виртуелната продавница им овозможува поинаков пристап и едно уникатно искуство, каде корисниците ги добиваат сите наши производи и услуги на домашна адреса и притоа заштедуваат време, а во овие вонредни услови го чуваат нивното здравје но и здравјето на другите.

За што најчесто се интересираат корисниците?

Моника Санева: Најчесто се интересираат за тековните промоции, обнови на постоечките договори, склучување на нови договори, како и за информации во врска со тарифните портфолија за фиксна и мобилна услуга.

Како може да се пристапи до A1 Live Shop?

Симона Ангеловска: Брзо и едноставно. Се што е потребно е корисникот да пристапи на нашата страница www.a1.mk, каде има опција да се започне разговор со продажен агент или со директен пристап на www.a1.mk/liveshop. Корисникот го внесува контакт бројот и добива повратен повик од наша страна со бројот +389 800 7 88 88 и се стапува во комуникација со првиот слободен агент.

Што се им е потребно на корисниците за да се поврзат со продажен агент од A1 Live Shop?

Марио Атанасовски: На корисниците им е потребен смарт уред или лап топ на кој имаат пристап до интернет, каде што преку страницата на www.a1.mk можат да стапат во контакт со некој од продажните агенти.

Кое е работното време на A1 Live Shop?

Ивана Картова: Работното време на А1 Live Shop е од понеделник до петок од 10:00 до 22:00 часот, и сабота од 10:00 до 16:00 часот.

Назад

Слични содржини

Card image cap

Интервју со Јасмина Бујароска Митева, Tим лидер на тим за квалитет на услуги и Маја Јаневска, Постар специјалист за дигитална трансформација

Автоматизацијата има за цел да ги направи процесите поекономични, транспарентни и отпорни на грешки, а на организациите да им заштеди време и да обезбеди спроведување на најдобри практики за подобрување на целокупната оперативна ефикасност.

Дознај повеќе
Card image cap

Интервју со Маја Анчевска, Специјалист за човечки ресурси

А1 Македонија нуди развој и можност младите да направат скок од практикант до вработен

Дознај повеќе