12.06.2020

Известување за корисниците

Техничка надградба и привремена недостапност на дел од постпејд услугите

Поради техничка надградба на софтверскиот систем на А1 Телеком Австрија Групацијата, а со цел зголемување на капацитетите и подобро опслужување на корисниците, Ве известуваме дека во периодот од сабота 13.06 од 22:00 часот до недела 14.06 до полноќ, дел од нашите постпејд услуги наменети за приватните и деловните корисници, ќе бидат привремено недостапни за користење. Станува збор за следните услуги:

•    Активирање и обнова на мобилни линии и фиксни услуги
•    Активирање на дополнителни пакети за разговори, интернет и пакети со ТВ канали
•    Плаќање сметки преку продажните салони, веб-страницата A1.mk и мобилната апликација Мојот А1
•    Плаќање на паркинг услуги преку SMS порака
•    Плаќање автобуски билет во ЈСП
•    Користење на услуги со додадена вредност, овозможени преку трети страни
•    Надополнување припејд кредит од постпејд број
•    Проверка на состојба на сметката
•    Користење на мобилната апликација Мојот А1

Истовремено, Ве известуваме дека во наведениот период непречено ќе функционираат тековните и веќе активирани постпејд услуги преку мобилната и фиксната мрежа на А1. Непречено ќе функционираат и сите припејд услуги, како дополнување кредит, активирање на дополнителни припејд пакети и останати услуги.

Со оглед на привремената недостапност, им препорачуваме на корисниците кои планираат користење на дополнителни пакети во наведениот период, активацијата да ја направат пред почетокот на периодот за надградба. 

Како компанија, и понатаму остануваме посветени на нашите кориснци да им овозможиме современи и квалитетни комуникациски услуги, напредни дигитални решенија и одлично корисничко искуство. 

Ви благодариме на разбирањето.
Ваш А1

Назад

Слични содржини

Card image cap

А1 Македонија со најдобар проект за паметен град за општина Велес

А1 Македонија ја има честа да ја извести јавноста дека е избрана како најдобар понудувач на јавниот тендер за набавка и имплементација на паметна опрема...

Дознај повеќе
Card image cap

Како се промени B2B продажбата во време на пандемија

КОВИД-19 пандемијата е најголемата здравствена и економска криза во светот забележана во последната декада од овој век...

Дознај повеќе