23.05.2020

А1 Македонија ги презема сите мерки за заштита на своите вработени

Како компанија која нуди клучни услуги за корисниците да останат поврзани, особено во вонредна ситуација, уште со почеток на ширење на вирусот COVID-19 во Европа, А1 Македонија заедно со сите компании кои се дел од А1 Телеком Австрија Групацијата ги направи првите чекори за заштита и превенција од вирусот. Увидувајќи ја опасноста од ширење на корона вирусот, компанијата од самиот почеток состави тим за управување во кризни ситуации и ги засили мерките за превенција и хигиена.

Водени од утврден план за комуникација компанијата презеде чекори за проактивно информирање на вработените за сите преземени мерки поврзани со заштита и превенција. 

Уште од почетокот на февруари компанијата:

  • ги откажа сите меѓународни службени патувања, а внатрешните ги подели по приоритети
  • традиционалните состаноци ги замени со виртуелни. 
  • Иако компанијата имаше во план да одржи обуки за вработените, поради големата бројка на учесници истите беа откажани
  • се откажаа и сите учества и подготовки на настани кои предвидуваа присуство на пошироката јавност.

Со појава на првиот случај на заразен од коронавирусот, компанијата воведе:

  • рестрикција за влез на надворешни соработници во зградата, како и насоки за задолжително користење на средствата за дезинфекција.
  • Заради заштита на вработените кои се во директен контакт со корисниците и кои не може да го ограничат контакт со луѓето, А1 Македонија донесе одлука за скратено работно време на салоните, а согласно препораките и мерките од Владата затворени се сите салони во трговските центри. 
  • Вработените од продажните салони и од Одделите за техника се опремени со заштитни ракавици и маски, како и средства за дезинфекција кои се поставени во сите локации на компанијата. 
  • Вработените секојдневно добиваат извештаи и препораки за новите мерки на СЗО и Министерството за здравство, како и насоки за правилно користење на средствата за дезинфекција, медицинските маски и ракавици, ракување со пари и работа во затворени простории. 

Дел од тимот на А1 Македонија работи од дома. Уште со првите предвидувања за ширење на вирусот Covid-19, компанијата во координација со тимот за управување во кризни ситуации започна со подготовка на системите и вработените за работа од дома. Вработените кои биле во странство приватно, добија 14 дена платено отсутво и можност за самоизолација. 
А1 Македонија ќе продолжи да ги следи насоките на Владата, СЗО и Министерството за здравство и ќе реагира согласно препораките, се со цел да и заштите своите вработени и да продолжи со континуирана услуга за своите корисници. 

Назад

Слични содржини

Card image cap

М-р Маријана Димоска

akcija.com.mk е онлајн продавница која нуди широка палета од преку 20.000 производи за домаќинство, декор и мебел, по принципот “склопи сам“...

Дознај повеќе
Card image cap

Тијана Станојевска Ристовска

Генерален директор

Дознај повеќе