19.05.2020

Известување за корисниците

Поради техничка надградба на софтверскиот систем на А1 Телеком Австрија Групацијата, а со цел зголемување на капацитетите и подобро опслужување на корисниците, Ве известуваме дека во периодот од петок 22.05 од 20:00 часот до сабота 23.05 до полноќ, дел од нашите постпејд услуги наменети за приватните и деловните корисници, ќе бидат привремено недостапни за користење. Станува збор за следните услуги:

  • Активирање и обнова на мобилни линии и фиксни услуги
  • Активирање на дополнителни пакети за разговори, интернет и пакети со ТВ канали
  • Плаќање сметки преку продажните салони, веб-страницата A1.mk и мобилната апликација Мојот А1
  • Плаќање на паркинг услуги преку SMS порака
  • Плаќање автобуски билет во ЈСП
  • Користење на услуги со додадена вредност, овозможени преку трети страни
  • Надополнување припејд кредит од постпејд број
  • Проверка на состојба на сметката
  • Користење на мобилната апликација Мојот А1

Истовремено, Ве известуваме дека во наведениот период непречено ќе функционираат тековните и веќе активирани постпејд услуги преку мобилната и фиксната мрежа на А1. Непречено ќе функционираат и сите припејд услуги, како дополнување кредит, активирање на дополнителни припејд пакети и останати услуги.

Со оглед на привремената недостапност, им препорачуваме на корисниците кои планираат користење на дополнителни пакети во наведениот период, активацијата да ја направат пред почетокот на периодот за надградба.

Како компанија, и понатаму остануваме посветени на нашите кориснци да им овозможиме современи и квалитетни комуникациски услуги, напредни дигитални решенија и одлично корисничко искуство.

Ви благодариме на разбирањето.

Ваш А1

Назад

Слични содржини

Card image cap

Интервју со Иво Стојановски

Горди сме што А1 Македонија преку воведување иновaтивни решенија е двигател на дигитализацијата во нашето општество, со воведување на првата виртуелна продавница – A1 Liveshop, која нуди интерактивно, уникатно и единствено корисничко искуство. Очекуваме д

Дознај повеќе
Card image cap

Интервју со Емилија Зографска - Комуникациите не се факултативна опција туку потреба

На самиот почеток на прогласување на кризата А1 Македонија беше компанија, која иако голема по бројот на вработени , провајдер на едни од клучните услуги за граѓаните , сепак успеа веднаш да направи брз пресврт во работењето, да ги префрли вработените во

Дознај повеќе