13.04.2020

Продажните салони на А1 Македонија се отворени, но со променето работно време и засилени мерки за заштита

Поради мерките за превенција од COVID-19 како и во интерес на јавното здравје, нашата компанија почнувајќи од 08.04.2020 година воведе посебен режим на работење во продажните салони.

Информираме дека нашите продажни салони од понеделник до петок работат со скратено работно време, и тоа од 07:30 до 14:30 часот.

Препорачуваме корисниците максимално да ги користат дигиталните канали за плаќање на сметките, и тоа преку апликацијата Мoјот А1 или преку веб страницата www.a1.mk, лесно, брзо и безбедно со платежна картичка, во секое време. Оние корисници кои досега ја немаат активирано услугата Е-сметка, можат да ги платат своите сметки директно преку добиената СМС порака која содржи активен линк.

Дополнително информираме дека ги преземаме сите мерки за заштита на нашите вработени и корисниците – посетители на нашите салони. Секој продажен салон е снабден со дезинфекциски средства, објектите често и темелно се чистат, а секој вработен е обезбеден со заштитни ракавици и маска.

Да ги почитуваме мерките за заштита на јавното здравје и да ги користиме дигиталните алатки за комуникација со цел да го заштитиме јавното здравје.

Назад

Слични содржини

Card image cap

Продолжуваат новогодишните изненадувања од А1 Македонија

Подарок за сите А1 корисници секој ден до 30 декември преку апликацијата “Мојот А1”

Дознај повеќе
Card image cap

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до своите корисници

Согласно измените на Законот за данок на додадена вредност објавени во Службен весник бр.267/2020, се овозможува издавање на месечни сметки во електронска форма...

Дознај повеќе