28.10.2021

Интернет безбедноста на деловните корисици – основа за успешен бизнис

Во текот на последната деценија, Cloud системите добија централна улога во повеќето мрежни сервиси преку интернет. Денес, најголемиот број од интернет апликациите се поставени на интернет инфраструктура, користејќи ги основните предности на Cloud инфраструктурата која овозможува зголемена доверливост поради редундантноста на целокупниот систем, користејќи повеќе виртуелни машини кои се надополнуваат меѓусебно.  Погледнато од страна на корисникот, Cloud инфраструктурата овозможува речиси неограничени ресурси со оглед на фактот дека е возможна лесна надградливост во однос на процесирачките единици, RAM меморијата како и просторот за складирање на податоците. Дополнително, Cloud системите имаат редундантна Интернет врска со пропусен опсег од редот на 10-100 Gbps, што повторно од перспектива на краен корисник на Cloud инфраструктурата претставува неограничен ресурс за пристап.

Од друга страна бројот на апликациите кои секојдневно ги користиме, и кои најчесто се поставени на Cloud инфраструктура, од ден на ден се зголемува со што се зголемува и времето кое го користиме за пристап до соодветни апликации. Дополнително, пристапот до овие апликации е овозможен за разновиден тип на  уреди, како персонален сметач, мобилен телефон или таблет. Независно од каде пристапуваме до апликацијата, после испраќањето на барањето од корисникот, се очекува брз, ефикасен и доверлив одговор од страна на Cloud инфраструктурата. Секоја појава на грешка во процесот на опслужување на корисникот резултира со незадоволство и напуштање на апликацијата.

Но тука започнуваат и вистинските прашања околу безбедноста на јавните Cloud системи, со оглед на тоа што тие претставуват системи до кои може да се пристапи од Интернет, од било кое место во светот. Ваквата отворена позиција на Cloud системите ги прави ранливи и подложни на ризик од потенцијални напади и нарушувања на интернет безбедноста. Поради ова од ислучителна важност за правилно користење на Cloud системите е да се превземат сите потребни мерки за заштита на содржината и апликациите кои работат.  

Согледувајќи го ваквиот тренд, А1 Групацијата преку својата ќерка компанија А1 Дигитал интензивно работи на креирање на портфолио на дигитални продукти кои овозможуваат поголема интернет безбедност за крајните корисници. Нашата визија е да се овозможи холистичко портфолио на дигитални продукти со висок квалитет, кој ќе ги заштити деловните корисници од современите интернет закани.

Тековната ситуација зборува дека деловните корисници, во најголемиот дел, не успеваат да имплементираат мерки за заштита на потенцијално ранливи делови од нивната инфраструктура поради сложеноста и секојдневниот раст на нивното портфолио. Концептот на безбедна периметарска заштита на работ од LAN мрежата или во податочниот центар е целсно заменет со нов концепт на дигиталната реалност каде е потребен  динамички безбеден пристап до корпоративната мрежа и  апликациите.

Од што е мотивирана промената?

Дигиталната трансформација која се случува во моментов предизвикува забрзана адаптација на Cloud за деловните корисници. Во тековните архитектури кои се базираат на корпоративен податочен центар како централен дел на ИТ системите, комуникациите и безбедноста еволуираа во хибридни и дистрибуирани архитектури со нови модели на податочни услуги  како што се ‘Софтвер како услуга “(SaaS),„ Платформа како услуга “(PaaS) или „Инфраструктура како услуга“ (IaaS). Од друга страна Дигиталната трансформација воведува работен модел надвор од деловните простории на компанијата, благодарение на сеприсутноста на интернет пристапот од секоја  локација и со секој вид на уред.

Дигитална трансформација базирана на Cloud архитектури и мобилните модели на работа, резултираат со длабокa револуција, но комуникацијата и безбедноста на мрежата не еволуираат со иста брзина.

Која е минималната заштита на интернет безбедноста?

А1 Македонија има континуирана акција за едукација на своите корисници за безбеден интернет. Обезбедувањето на безбеден интернет за деловните корисници претставува комплексна задча која бара поставување на низа уреди во рамките на мрежата на операторот кој ќе овозможат непречена работа. Целокупната заштита започнува со уред за DDoS заштита на целокупниот интернет сообраќај со помош на кој А1 Македонија може да направи спречување на дистрибуиран напад на јавните ИП адреси на корисникот. Следниот чекор е заштитата на корпоративната мрежа и системи, кое најчесто започнува со Firewall уред на периматерот од неговата LAN мрежа. На крајот завршува со апликација за безбедносна заштита на крајниот уред. Секако важен дел од заштита на корисникот се корпоративните безбедносни полиси и процедури, надополнети со континуирано мониторирање на аларми за нарушување на безбедноста.

Со што се соочуваат компаниите и како да ја подобрат својата заштита?

Компаниите се соочуваат со повеќе предизвици за да ја подобрат својата тековна интернет безбедност, почнувајќи од резервираните средства кои треба да ги употребат за освременување на безбедносната заштита, а кои од година во година драстично се зголемуваат. Второ, недостигот  на ИТ експерти кои треба континуирано да се грижат за интернет безбедност, како и да вршат континуирано надградување и мониторинг на тековната состојба. Трето, во услови на COVID-19 пандемијата компаниите мораа ad-hoc да обезбедат ресурси за далечинска работа на своите вработени.

Подобрувањето на нивната интернет безбедност, со оглед на недостигот од ИТ експерти, лежи во автоматизирање на дел од секојдневната работа на ИТ персоналот со најсовремените безбедносни алатки.

 Во однос на DDoS заштитата од напади од интернет, деловните корисници може да добијат “cleanpipe” Internet решение кое ќе овозможи прочистен интернет. Вака дефинираниот кориснички профил овозможува заштита од интернет напади со автоматско активирање на тригери за заштита, според специфичноста на деловниот корисник и неговата индустрија.

Сепак доколку деловниот корисник има содржини кои се изложени на интернет, потребно е да има континуирана проверка за безбедност на овие услуги. Автоматизирањето на оваа активност, овозможува продуцирање на репорти во кои се наведени безбедностните недостатоци и мерките кои треба да се превземат. Една од алатките која може да понуди ваква автоматизација претставува продуктот на А1 Македонија Offensity   

Назад

Слични содржини

Card image cap

М-р Маријана Димоска

akcija.com.mk е онлајн продавница која нуди широка палета од преку 20.000 производи за домаќинство, декор и мебел, по принципот “склопи сам“...

Дознај повеќе
Card image cap

Тијана Станојевска Ристовска

Генерален директор

Дознај повеќе