21.10.2021

Известување

Ве известуваме дека на 20.10.2021г. поради оштетен оптички кабел дојде до неочекуван прекин/деградација на услугите кај дел од корисниците на фиксни услуги. Од таа причина кај дел од корисниците имаше времена деградација на Алфа ТВ каналот на DVB-C и DVB-T технологија.

По интервенирање на професионалните екипи, проблемот беше успешно отстранет и услугите беа вратени во функција.

Се извинуваме и Ви благодариме на разбирањето.

Назад