07.10.2021

А1 Green call: Природата повикува, време е за рециклирање стари мобилни телефони и електронски уреди

Како компанија што во својата стратегија го инкорпорира дејствувањето за зачувување на животната средина во рамките на групациската програма ESG, А1 Македонија ја најавува A1 Green Call – најновата платформа за рециклирање и понатамошна реупотреба на стари електронски уреди: стари мобилни телефони, лаптопи и таблети.

A1 Green Call им овозможува на сите заинтересирани да ги рециклираат своите уреди без оглед на моделот, годината на производство и неговата состојба но и без оглед на тоа дали се корисници на А1 Македонија.

Сè што треба да направат сопствениците на стари уреди е да се упатат во најблискиот салон на А1 и во специјално означениот простор со назнаки „A1 Green Call“ да ги остават своите уреди за понатамошно рециклирање. Дополнително, секој сопственик на стар електронски уред што ќе го остави на рециклирање, ќе добие еко-торба со чие користење ќе даде свој придонес за заштитата на животната средина.

„А1 Green Call e еко-платформа што е дел од нашето стратешко испланирано и со дела реализирано долгорочно позиционирање на А1 Македонија како компанија со одржлив начин на работа. Со оваа платформа го прошируваме полето на дејствување преку активна грижа за природата. Сите се добредојдени да бидат дел од А1 Green Call, сите корисници на стари и неупотребливи електронски уреди што ги имаат во нивните домови. Секој еден од вас е важен и навистина добредојден да се вклучи во акцијата за позелено утре и подобра иднина воопшто преку рециклирање и реупотреба на минатото. Нов, зелен, подобар свет е можен, а ние во А1 Македонија сме горди што токму ние сме компанијата лидер што ги поставува основите на еколошката дигитална трансформација во нашата земја“, изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.

A1 Green Call e проект реализиран во соработка со „Нула Отпад“, лиценцирана компанија за управување со отпад. Секој уред ќе биде соодветно селектиран, складиран и рециклиран според најнови и најбезбедни методи за справување со е-отпад.

 

За ESG:

Амбициите на А1 Групацијата во рамките на проектот ESG (Enviromental, Social, Governance)  има утврдени цели во три сегменти: Климатски и амбиции за животна средина до 2030 година  Достигнување нето-неутралност на јаглерод диоксид со намалување на емисијата на штетни гасови и постепено префрлување енергија од обновливи извори, долгорочна цел за зголемена енергетска ефикасност за 80 % во споредба со 2019 година и рециклирање на околу 50 000 стари уреди годишно, Социјална амбиција до 2023 година  едукација на над 100 000 луѓе, особено фокусирани на деца и млади, во сегментот на дигитална писменост, да им се даде на луѓето доверба и вештини за активно обликување на дигиталните светови и Амбиција за корпоративно управување до 2023 година  да се зголеми процентот на жени на раководни позиции над 40 % и да се подигне и да се одржи процентот на жени во компанијата над 40 %, како и да се одржи најдобрата практика и надворешно сертифициран усогласен систем за управување со цел да се заштити интегритетот и доверливоста на А1 Телеком Австрија Групацијата.

Назад

Слични содржини

Card image cap

Известување

А1 ги известува своите корисници дека на 25.07.2023г.  до 28.07.2023г. се планирани активности за унапредување на мрежата со цел усовршување на корисничкото искуство, поради што се можни прекини кај корисниците на мобилна технологија во реонот на Кичево..

Дознај повеќе
Card image cap

Известување

Ве известуваме дека на 19.07.2023 г. дојде до неочекуван прекин/деградација на услугите во реонот на Гостивар. Имаше времен прекин на услугите за телевизија и интернет на DVB-C технологија...

Дознај повеќе