03.04.2020

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до своите корисници

Скопје, 03 април 2020г. – Согласно Уредбата донесена од Владата, како мерка за превенција од COVID -19 објавена во Службен весник бр.80/2020, се овозможува издавање на месечни сметки во електронска форма, сé со цел да се намали користењето на сметки во хартиена форма. На овој начин се зголемува заштитата на јавното здравје и се поттикнува користењето на дигиталните алатки од страна на корисниците, како што се користење на електронска сметка и електронско плаќање од дома без непосреден контакт.

А1 Македонија ги известува корисниците дека месечните сметки отсега ќе бидат доставувани по електронски пат. Сите приватни корисници на А1, кои досега ја немаат активирано услугата Е-сметка, ќе добијат известување преку СМС порака која ќе содржи активен линк, од каде корисниците ќе можат бесплатно да ја преземат својата месечна сметка. На деловните корисници сметките ќе им бидат испратени електронски на нивната е-мејл адреса, односно преку услугата Е-сметка.

Со електронското доставување на месечните сметки, корисниците веднаш и навремено ќе имаат пристап до своите сметки во PDF формат, што придонесува кон зачувување на јавното здравје и превенција од COVID-19, како и зачувување на животната средина.

Електронското плаќање на сметките е достапно преку официјалната страница www.a1.mk и преку апликацијата Мојот А1, каде корисниците лесно, брзо и безбедно може да ги платат своите сметки и услуги од А1, со платежна картичка и во секое време. Корисниците кои веќе ја имаат активирано услугата Е–сметка ќе продолжат да ги добиваат месечните сметки на истиот начин и во истиот формат како и досега.

Со приемот на електронските сметки, корисниците ги задржуваат истите права и обрски како и претходно. Доколку корисниците сепак сакаат да продолжат да ги добиваат месечните сметки во хартиена форма, потребно е да се јават на бесплатниот број 1278, во рок од 10 дена по добивањето на СМС пораката за електронската сметка.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

Назад

Слични содржини

Card image cap

Известување

А1 ги известува своите корисници дека на 25.07.2023г.  до 28.07.2023г. се планирани активности за унапредување на мрежата со цел усовршување на корисничкото искуство, поради што се можни прекини кај корисниците на мобилна технологија во реонот на Кичево..

Дознај повеќе
Card image cap

Известување

Ве известуваме дека на 19.07.2023 г. дојде до неочекуван прекин/деградација на услугите во реонот на Гостивар. Имаше времен прекин на услугите за телевизија и интернет на DVB-C технологија...

Дознај повеќе