15.08.2018

Известување

Вип ги известува своите корисници дека на ден 14.08.2018, поради оштетување на оптички кабел дојде до неочекуван прекин/деградација на услугите на DOCSIS технологија во Белимбегово, при што имаше времен прекин во обезбедувањето на услугите на фиксен интернет, фиксна телефонија и ТВ кај корисниците. По интервенирање на професионалните екипи, проблемот беше успешно отстранет и услугите беа вратени во функција. Се извинуваме и Ви благодариме на разбирањето.

Назад