26.03.2020

Продажните салони на А1 Македонија се отворени, но со променето работно време и засилени мерки за заштита

Согласно мерките на Владата на РСМ за затворање на големите трговски центри со цел минимизирање на ризикот од ширење на коронавирусот, како дополнителна поддршка за превенција, нашата компанија почнувајќи од понеделник, 16.03.2020 година воведе посебен режим на работење во сите останати продажни салони.

Нашите продажни салони работат со скратено работно време од 10:00 до 18:00 часот, а за време на викендите од 10:00 до 14:00 часот.

Дополнително информираме дека ги преземаме сите мерки за заштита на нашите вработени и корисниците – посетители во продажните салони. Во оваа насока, секој продажен салон е снабден со дезинфекциски средства, објектите често и темелно се чистат, а секој вработен е обезбеден со заштитни ракавици и маска.

Препорачуваме корисниците максимално да ги користат дигиталните канали за плаќање на сметки. Дополнително користете ги каналите за телефонска и онлајн продажба за сите наши услуги и производи, кои бесплатно ќе Ви ги доставиме до Вашиот дом. Јавете се на бројот 077/1234 или направете онлајн нарачка според Вашите потреби. Нашите агенти ќе Ви помогнат и ќе одговорат на сите Ваши прашања за користењето на услугите.

Да ги почитуваме мерките за заштита на јавното здравје и да ги користиме дигиталните алатки за комуникација.

Назад

Слични содржини

Card image cap

Известување

А1 ги известува своите корисници дека на 25.07.2023г.  до 28.07.2023г. се планирани активности за унапредување на мрежата со цел усовршување на корисничкото искуство, поради што се можни прекини кај корисниците на мобилна технологија во реонот на Кичево..

Дознај повеќе
Card image cap

Известување

Ве известуваме дека на 19.07.2023 г. дојде до неочекуван прекин/деградација на услугите во реонот на Гостивар. Имаше времен прекин на услугите за телевизија и интернет на DVB-C технологија...

Дознај повеќе