10.09.2019

А1 Македонија го воведува “А1 Флекси” - флексибилен модел на работа

Скопје, 10 септември, 2019г. - А1 Македонија поставува нови стандарди во креирањето на начинот на работење за своите вработени и со гордост објавува дека го воведува флексибилниот модел на работа именуван како “А1 Флекси”.  

Со “А1 Флекси”, А1 Македонија ги урива границите на традиционалното работно време и место и се насочува кон својата цел, агилна компанија која на своите вработени им нуди флексибилен начин на работа создаден за подобар баланс на приватното време и времето поминато на работа.
 
Концептот нуди две категории и тоа: Flexi Тime, кој нуди флексибилност во времето на доаѓање и заминување од работа и Flexi Place, концепт кој на вработените им дозволува повремена работа од дома или од друга локација. 

„Флексибилното работење не е нов концепт на македонскиот пазар, но е прв пат една голема компанија како А1 Македонија да го воведе во својот начин на работење. “А1 Флекси” е голем чекор и предизвик за нашата компанија, но веруваме дека на нашите вработени ќе им овозможиме ново искуство и ќе им помогнеме да направат подобар баланс помеѓу приватното време и времето поминато на работа“, вели Стефан Јовановски, раководител на одделот за човечки ресурси во А1 Македонија.

Флексибилното работно време не го менува бројот на работни часови, туку само ја зголемува продуктивноста на вработените, а со тоа и им помага да направат подобар баланс помеѓу приватното време и времето поминато на работа.

Со воведување на “А1 Флекси”, компанијата покажува дека е подготвена за организациска еволуција, преку интеграцијата на деловниот и приватниот живот, a за поголемо задоволството на вработените.


 

Назад

Слични содржини

Card image cap

Известување

А1 ги известува своите корисници дека на 25.07.2023г.  до 28.07.2023г. се планирани активности за унапредување на мрежата со цел усовршување на корисничкото искуство, поради што се можни прекини кај корисниците на мобилна технологија во реонот на Кичево..

Дознај повеќе
Card image cap

Известување

Ве известуваме дека на 19.07.2023 г. дојде до неочекуван прекин/деградација на услугите во реонот на Гостивар. Имаше времен прекин на услугите за телевизија и интернет на DVB-C технологија...

Дознај повеќе