19.02.2020

Известување

А1 Македонија ги информира корисниците дека во раните утрински часови, во траење од два часа, се случи таканаречен wangiri fraud, вид на измама во телекомуникациите при што измамниците со автоматско бирање генерираат пропуштени повици и се надеваат дека ќе бидат повикани назад и со тоа преку нивните меѓународни повикувачки броеви ќе може да профитираат. Случајот е веднаш идентификуван, пријавен и преземени се сите мерки за заштита на корисниците. Пропуштените повици во најголема мера се иницирани со повикувачки број од нумерациски опсег на еден сателитски оператор Global Star и од Литванија. Случајот ќе биде пријавен и во меѓународната асоцијација GSMA до Fraud & Security форум.

Ако корисниците примат ваков повик треба да бидат сигурни дека не се специфично таргетирани туку дека измамниците таретираат случајно избрана низа, листа или ранг на мобилни или фиксни броеви.

Препорачуваме корисниците да не возвраќаат на ваквите меѓународни броеви кои не ги препознаваат. Возвраќањето на пропуштените wangiri повици резултира со наплата , а измамниците тежнеат да генерираат уште повеќе пропуштени повици се со цел корисниците што повеќе да возвраќаат. Ги повикуваме сите корисници кои имаат пропуштено меѓународни повици кои ги имаат горенаведениот опис да не информираат на следниот линк.

Назад