13.06.2021

Едукацијата и заштитата на децата на интернет еден од приоритетите на А1 Македонија

Со развојот на дигитализацијата, секојдневието поминато без интернет е скоро незамисливо. Не само возрасните туку и најмладите го користат во голема мера, поголемиот дел од нив за забава. Затоа, во последните неколку години се интенвизираше потребата да се едуцираат но и да се заштитат токму децата од опасностите кои ги демнат додека сурфаат на светската мрежа.

Оваа потреба ја препозна А1 Македонија која како компанија двигател на дигитализацијата во земјава, во 2018та година презема иницијатива и го креираше проектот „Интернетот не e само игра... Кликај безбедно!". Вработените во А1 Македонија, преку интерактивни и интересни предавања, приспособени за возраста и на образовната програма, ги запознаваат учениците од четврто одделение и го збогатуваат нивното знаење за интернетот, како безбедно да бидат дел од светската мрежа, а притоа како да ги заштитат своите лични податоци. Предавањата ги држат вработени во А1 Македонија, на волонтерска основа, со огромно искуство стекнато низ годините.

Со отворена работилница на која можеа да се приклучат сите заинтересирани и да го проследат предавањето за безбедно користење на интернет, на Меѓународниот ден на детето, 1ви јуни, заврши четвртиот циклус работилници од проектот „Интернетот не е само игра... Кликај безбедно!“ на А1 Македонија.

Проектот досега има опфатено 31 училиште низ целата земја, а едуцирани се повеќе од 2700 деца. Оваа година поради пандемијата работилниците се одвиваа онлајн, преку платформата на Teams.

Програмата се реализира во соработка со Министерството за образование на Република Северна Македонија, а со одобрение на Бирото за развој на образованието.

Назад

Слични содржини

Card image cap

М-р Маријана Димоска

akcija.com.mk е онлајн продавница која нуди широка палета од преку 20.000 производи за домаќинство, декор и мебел, по принципот “склопи сам“...

Дознај повеќе
Card image cap

Тијана Станојевска Ристовска

Генерален директор

Дознај повеќе