04.06.2021

За Македонија навиваме !

Како голем љубител на фудбалот, но и вечен оптимист, секогаш се надевав дека наскоро ќе ја гледам македонската фудбалска репрезентација на едно големо натпреварување, како што е ова кое ни следи – Европското Фудбалско Првенство. Се разбира, оваа година, токму тоа и го прави следењето на натпреварите уште повозбудливо.

Меѓутоа, она што се менува во текот на годините е начинот на кој што ги следиме натпреварите, како резултат на динамичниот животен стил, ангажмани и хобија, кои сè повеќе ни ги менуваат старите навики на сите нам. Со тоа, свесни сме дека секој корисник ќе ги следи фудбалските натпревари од Европското Фудбалско Првенство на различен начин, а нашата задача во А1 Македонија е да го направиме ова натпреварување достапно за сите корисници, од секаде и со врвна услуга.

Еуфоријата за Европското Фудбалско Првенство и настапот на нашата репрезентација е искрено преголем, за да биде занемарен, дури и од помалите фудбалски ентузијасти во нашата земја. Овој тип на натпреварувања отсекогаш предизвикуваат огромен интерес во светот, а согласно гледаноста од претходното европско првенство во фудбал, како и растот на популарноста на овој спорт, оваа година се очекува гледаноста на натпреварите да надмине 5 милијарди прегледи! Овој огромен број на прегледи е благодарение и на дигитализацијата, која им овозможува на корисниците поголема флексибилност и следење на натпреварите на различен начин.

Свесни сме дека традицијата и уживањето во домашна атмосфера, каде директно се коментираат случувањата со најблиските, е сеуште најчестиот начин на следење на фудбалските натпревари. Поради ова, А1 Македонија преку својот најпопуларен продукт А1 Combo ќе им овозможи на своите корисници да ги следат натпреварите од Европското Фудбалско Првенство на кристално јасна слика во HD формат, а притоа ќе можат да одберат и нов телевизор, смартфон или друг уред по потреба, благодарение на големиот буџет кој ќе им биде на располагање. Дополнително, и во знак на навивачки дух, кој еднакво ја понесе атмосферата и во А1 Македонија, дизајниравме навивачки дрес за сите корисници кои ќе склучат нов или ќе го обноват својот договор со A1 Combo.

Сепак голем број на корисници нема да бидат во можност да ги гледаат натпреварите од својот дом. Според Forbs, 65% од љубителите на спортот гледаат видеа поврзани со спорт на своите смартфони, а согласно истражувањето на Marketing Dive, 24% корисниците во живо следат спортски натпревари преку својот смартфон. Овие бројки се очекува континуирано да растат и во одговор на новите потреби А1 Македонија во своето портфолио ја понуди апликација A1 Xplore TV, преку која корисници секогаш и секаде ќе можат бесплатно да ги следат натпреварите од Европското Фудбалско Првенство, на најбрзата мрежа во Македонија. Мобилниот интернет секако игра важна улога при консумирање на спортските содржини онлајн и затоа А1 Македонија нуди 50GB национален мобилен интернет, заедно со супер цени за набавка на смартфони во тарифниот модел А1 Neo M+.

Дополнително, оние кои ќе имаат можност да ги следат натпреварите на македонската фудбалска репрезентација во живо од Романија и Холандија, ќе имаат можност да ги споделат своите уникатни искуства преку промотивниот пакет A1 Roam Surf EURO, кој содржи 5GB мобилен интернет во роаминг, за само 499 денари.

Натпреварите од Европското Фудбалско Првенство едноставно не се за пропуштање, независно дали ќе ги следите дома, во викендица, додека сте на пат или пак од возбудливите трибини на стадион, а А1 Македонија ви ја дава можноста да го дочекате Европското првенство спремни на начин на кој најмногу Ви одговара.

За Македонија навиваме!

Назад

Слични содржини

Card image cap

Програмирањето, начин да се поттикне креативноста, љубопитноста и да се тренира логичкото размислување

ИТ сферата сигурно е една од најбрзо растечките дејности иако во минатите години ова беше таканаречена машка професија, сега се повеќе жени и млади девојки ги разбиваат стереотипите и се пронаоѓаат себеси токму во информатичката технологија...

Дознај повеќе
Card image cap

А1 Combo Box GO, едноставна комуникација од било кое место во Македонија

Дигиталното време и потребата од поврзаност, во секое време и од кое било место, ја наметнаа потребата од софистицирани, а сепак едноставни решенија кои ни овозможуваат уште полесно секојдневие...

Дознај повеќе