13.01.2020

Известување

Скопје, 13.01.2020г. – А1 Македонија ги известува своите корисници дека е воочена активност од непознат субјект кој испраќа лажен прашалник т.е. наводна анкета која е направена да изгледа дека е доставена од страната на А1,  а истото ги привлекува корисниците со ветувања за скапи награди мобилни телефони, Samsung S10, Samsung S9 и Apple iPhone XS кои A1 воопшто не ги доделува. 

Станува збор за т.н. Phishing комуникација преку web страницата https://ny-igiveaway.info/MK/A1 при што непознатиот субјект ги злоупотребува комерцијалниот назив и А1 брендот на А1 Македонија ДООЕЛ Скопје. 

Комуникацијата се реализира само доколку корисникот добие порака преку директен маркетинг од непознатиот субјект при што добива можност за пристап до линк за учество во анкетата и во наградната игра во комуникација со временски ограничен период. 

Препораката до корисниците е да не одговараат на оваа анкета и да не учествуваат во наградната игра бидејќи постои опасност од злоупотреба на нивните лични податоци.

Назад