19.05.2021

А1 со нова промоција за опуштено следење на европското фудбалско првентство - за македонија навиваме!

Скопје, 19.5.2021г. – Во пресрет на највозбудливото фудбалско лето со натпреварите од европското фудбалско првенство, А1 Македонија ја збогатува својата понуда и ја најавува новата промоција со зголемен мобилен интернет, уште поголем попуст за нови уреди и подарок навивачки дрес за опуштено следење на најголемиот спортски настан годинава и бодрење на македонската фудбалска репрезентација.

Од денеска, во портфолиото на А1 Македонија, како дел од понудата во А1 Combo М и L, достапна е најновата промоција со која постоечките и нови корисници покрај супербрз и стабилен интернет, ТВ со најквалитена слика на пазарот, Арена Спорт ТВ канали добиваат и зголемен попуст за атрактивниот Philips 55 инчен телевизор или било кој друг уред по нивен избор. Со активирање на A1 Combo M пакетот со две мобилни линиии или A1 Neo M+ корисниците добиваат 18.000 денари попуст за било кој уред. Дополнително, сите нови корисници на А1 Combo М или L пакетите добиваат и подарок – специјално дизајниран навивачки дрес со кој заедно ќе навиваме за тимот на македонската фудбалска репрезентација.

Во понудата на А1 Македонија е и најновата промоција за корисниците на мобилната телефонија кои со склучувaње на нов договор или обнова на тарифниот модел А1 Neo M+ имаат можност да изберат нов смарт телефон и за само 99 денари месечно да го добијат посакуваниот Samsung Galaxy A02s. Притоа корисниците добиваат и 50GB мобилен интернет за сурфање на најбрзата мобилна мрежа, потврдено со мерењата за квалитет на мрежи од независното регулаторно тело, Агенцијата за електронски комуникации.

Дополнително, сите корисници на мобилната телефонија добиваат можност за бесплатно следење на европското првенство преку апликацијата А1 Xplore TV S.

Сè што треба да направат корисниците е да се регистрираат на https://a1xploretv.mk/register и потоа да ја преземат апликацијата достапна за Android или iOS и со тоа од кое било место во државата ќе можат да ги следат највозбудливите натпревари.

За Македонија навиваме!

Повеќе детали за понудата можете да најдете на www.A1.mk

Назад

Слични содржини

Card image cap

Известување

А1 ги известува своите корисници дека на 25.07.2023г.  до 28.07.2023г. се планирани активности за унапредување на мрежата со цел усовршување на корисничкото искуство, поради што се можни прекини кај корисниците на мобилна технологија во реонот на Кичево..

Дознај повеќе
Card image cap

Известување

Ве известуваме дека на 19.07.2023 г. дојде до неочекуван прекин/деградација на услугите во реонот на Гостивар. Имаше времен прекин на услугите за телевизија и интернет на DVB-C технологија...

Дознај повеќе