18.05.2021

Интервју со Иво Пауновски, Раководител на одделот ИКТ и партнерство

На почеток, честитки за овој успех. Ова е прв добиен тендер од ваков тип. Колку долго се работеше на овој проект?

ИП: Благодарам за честитките. Ни преставува голема чест што бевме избрани како најдобар понудувач на овој прв меѓународен тендер финансиран од ИПА 2 програмата и Владата на РСМ. Чувството е уште подобро со оглед дека одобрените средствата беа управувани од Светска Банка, а тендерот се спроведе во согласност со Процедурите за национално конкурентно наддавање како што е утврдено во Насоките за набавки на Светска банка. Овој тендер е доказ дека убави работи се случуваат на оние компании кои напорно работат за да ги постигнат своите цели. Времето за подготовка на техничката и финансиската понуда кај тендери е ограничена со самата тендерска постапка, но како што тоа вообичаено е случај, резултатите денес се последица на напорната работа во изминатиот период кои доведоа до ова достигнување. Иако на тендерот се работеше безмалку 2 месеци, времето поминато со членовите на тимот околу собирање на информации, комуникација и ефикасно тестирање на вакви солуции е далеку поголемо.

Што предвидува решението Smart Lake Младост?

ИП: Smart Lake Младост претставува прва иновативна туристичка атракција во Македонија. Солуцијата нуди бенефити не само за Општина Велес која преку ова решение ќе им можност за напредно далечинско управување на ресури и генерирање на заштеди туку ќе нуди и збогатена туристичка понуда за посетителите на ова туристичка атракција. Решението предвидува користење на IoT платформа и имплементација на WEB базирана апликација каде што ќе се интегрираат шест различни IoT решенија. Тие вклучуваат воведување модерен интегриран систем за контрола на автоматското осветлување (Паметно осветлување), паметно управување со простор за паркирање (Паметно паркирање), паметно управување со отпад (Паметен отпад), паметни клупи со интегриран безжичен Интернет (Паметни клупи), полнач за електрични возила со можност за електронско плаќање (Полнач за електрични возила) и електрични велосипеди со паметно заклучување (Паметни велосипеди) со SaaS (софтвер како услуга) решение за управување со паметно заклучување.

Со Проектот за паметен град, општина Велес ја почнува својата трансформација во модерен и паметен град којшто го следи примерот на развиените европски градови, со што го подобрува квалитетот на живот на граѓаните во Велес и посетителите на езерото Младост.

Колку се општините во Македонија спремни за вакво нешто?

ИП: Концептот за паметен град ги интегрира информатичката и комуникациската технологија (ИКТ) и различните IoT уреди за да се оптимизира ефикасноста на градските операции и услуги со цел општината поквалитетно да се поврзе со своите жители. Кога се зборува за концепт за паметен град, голем број на луѓе се фокусираат само на технологијата иако иницијативите поврзани со Паметен град се далеку покомплексни по својата природа со оглед дека покрај технологијата вклучуваат уште две димензии кои се особно битни за успешна имплементација и управување, а тоа се социјалната инфраструктура и институциите. Технологијата е дефакто е еден од најзначаните пилари во рамките на имплементација на ваквите инцијативи со оглед дека технологијата е таа која треба да обезбеди интеграција на инфраструктурата на општината со помош на технологија. Кога зборуваме за технологија, во реализација на вакви проекти можат да се употребат низа на најнови технологии како IoT, 5G, NB-IoT Вештачка интелегенција или Blockchain технологија која би се користела за подобро поврзување на сите градски услуги истовремено нудејќи зголемена безбедноста и транспарентноста. Но не помалку важна е социјална инфраструктура. Иако овој термин е причино широк, во овој домен пред се мислам жителите во општината и вработените во општината кои треба да имаат одреден ниво на техничка зрелост за да можат да уживаат во бенефитите кои ги носи концептот или соодветно да управуваат со истиот. Од аспект на институција, пред се се мисли на организациска поставеност, управување и покровителство на оваа инцијатива од перспектива на локална и централна власт.

Иако нема некои поопсежни истражувања на темата колку општините се спремни за имплементација на концепт на паметен град сепак со цел да добиеме некаква прелиминарна слика можеме да се освренеме на истражувањето направено од француската консултантска куќа Espelia, која во 2020 имаше проект финансиран од Француската агенција за развој (AFD - ’Agence Française de Développement) насочен кон нудење на техничка помош за спроведување на стратегијата Паметен град за Град Скопје Во рамките на ова истражување на доброволна основа учествуваа вработени во Град Скопје, Јавни претпријатија под град Скопје и преставници од преку 20 ИКТ компании во Македонија. Во согласност со прелиминираните резултати од ова истражување се востанови дека технологијата преставува најмалиот проблем во рамките на имплементацијата на ваквите проекти. Недостатокот на финансии и човечкиот фактор беа детектирани како едни од најголемите предизвиди со кои би се соочил Град Скопје при имплементација на ваков проект. Веројатно ваква слика само може да биде само засилена доколку се преслика на другите општини во Македонија.

Првиот чекор кон надминување на некој предизвик е секогаш препознавањето на истиот. Оттука сметам дека со добра соработка на државата, локалните власти и ИКТ заедницата сме на добар пат во Македонија да имплемрнтираме и успешно да управуваме со проекти за паметен град.

Какви се искуствата во групацијата и која е поврзаноста на проектот со пиларот на стратегијата ESG?

Во моментов во рамките на градовите се троши приближно 2/3 од произведената енергијата во светот. Оттука околу 70% од глобалните емисии на стаклени гасови се асоцираат на градовите заради инфраструктурата, транспортот, трговијата и урбаниот начин на живот, иако само 2% од вкупната површина на Земјата се смета за градско земјиште.

Имајќи во предвид дека до 2050 се очекува 70% од светската популација да живее во градовите, клучна улога во намалување на ефектот на стаклена градина е спроведувањето на многу потребната ефикасност во рамките на сегашните градски структури.

A1 Македонија како дел од А1 Телеком Австрија групацијата активно работи на промовирање на поефикасни, а со тоа и поодржливи начини на работа и живеење. Еколошкото, социјалното и корпоративното управување (ESG) се вградени во стратегијата на нашата компанија и истите се сметаат за долготрајни вредности имајќи во предвид дека тие меѓудругото нудат можност и за економски придобивки како на пример редуцирана потрошувачка на енергија, намалувајќи ги на тој начин влијанијато врз животната средина и трошоците.

Во рамките на Industry 4.0 иницијативата на групациско ниво, покрај Security, во голем фокус се IoT базираните проекти кои прво почнавме да ги имплементираме интерно за да го унапредиме и подобриме управувањето со интерните операции во насока на реализирање на ESG стратегијата согласно која А1 група преку унапредување на начинот на работа до 2030 треба да обезбеди 80% зголемена енергетска ефикасност во споредба со 2019 година. Денес, интерно имплементираните решенија, во димензија во која е тоа возможно, ги претвораме во солуции кои ги нудиме на нашите партнери и корисници. Оттука, концептот на паметен град е токму во насока на една од врвните ESG стратегии на А1 група.

И за крај, да го споменеме тимот кој е најзаслужен за овој успех.

Павлинка Дуниќ, Симон Бојаџиевски, Катерина Нечовска, Небојша Богоевски како и екипата од партнерската компанија Геонет со чија помош ќе се реализира овој проект.

А1 Македонија цврсто верува во новата ера на паметна поврзана технологија и затоа и понатаму ќе остане фокусирана на изготвување и реализирање проекти во оваа област кои ќе придонесат кон унапредување на модерното живеење.

Назад

Слични содржини

Card image cap

Промената во начинот на размислување како клучен фактор за успешна Агилна трансформација

Во годишниот извештај за состојбата на Агилниот начин на работа - „12 Annual State of Agile Report“ е наведено дека кај 53% од компаниите моменталната организациона култура е во спротивност со агилните вредности...

Дознај повеќе
Card image cap

Игор Ѓорѓиевски, извршен директор на "RED sped"

Приказната на "RED sped" започнува во далечната 1994 година кога тим од ентузијасти-професионалци се здружиле и го оформиле првичниот тим на компанијата...

Дознај повеќе