09.04.2019

Ексклузивно интервју со Томас Арнолднер, Главен Извршен Директор на А1 Телеком Австрија Групацијата за Фактор

Новиот А1 бренд ќе значи понуда што овозможува врвно корисничко искуство.

Вип ќе се ребрендира во А1. Дали тоа ќе значи само промена на брендот или ќе има и некои суштински промени за корисниците?
Со процесот на ребрендирање започнуваме ново поглавје на Вип во Македонија. Пред повеќе од 10 години, компанијата се појави како нов субјект подготвен да го предизвика пазарот. Бевме само мобилен оператор што се наоѓаше на третата позиција на пазарот. Денес сме први во сегментот на мобилната телефонија и втори во сегментот на фиксната телефонија. Од класичен давател на телекомуникациски услуги станавме давател на дигитални услуги. Вип е дел од групацијата А1 Телеком Австрија и како резултат на ребрендирањето ќе стане дел од семејството на брендот А1. Со тоа Вип визуелно ќе стане дел од водечкиот давател на дигитални услуги во Југоисточна Европа кој има 25 милиони корисници и околу 19 000 вработени. Горди сме што Вип станува дел од семејството на А1. Во однос на тековната деловна соработка со корисниците и со партнерите, нема да се извршат никакви крупни промени поради ребрендирањето. Сите договори, без оглед дали станува збор за претплатнички договори или комерцијални договори, остануваат на сила без притоа да има потреба од преземање дополнителни дејства, поради тоа што правниот континуитет на компанијата не е засегнат од овој процес. Според тоа, компанијата секако ќе продолжи да се стреми кон креирање на понуди со највисока вредност на пазарот со цел обезбедување најдобри услови за понатамошен раст.

Што може публиката да очекува од процесот на ребрендирање?
Ребрендирањето е вообичаена маркетиншка активност со цел зајакнување на позицијата на пазарот. Тоа претставува вложување во иднината со потенцијал за поттикнување на перцепцијата како моќна меѓународна компанија, како и добивање придобивки од економиите од обем и од синергиските ефекти. Така, со ребрендирањето се очекува и да се поддржат целите за ефикасноста и растот.
Постојано ги проверуваме и ги следиме брендовите што ги имаме и ја мериме нивната успешност со цел да го најдеме оптималното решение за сите пазари. Впрочем, Вип е силен бренд на македонскиот пазар. Сепак, утврдивме дека постои можност за развој на нешто уште помоќно: токму затоа донесовме одлука, зависно од локалните околности, постепено да започнеме со ребрендирање во енергичниот и докажан бренд А1 во рамките на целата групација, поради тоа што тој ги покрива сите можности и аспекти на ИКТ и суштински придонесува за посилен и заеднички идентитет на брендот.

Кога ќе почне ребрендирањето?
Ребрендирањето на Вип во А1 ќе се спроведува во текот на 2019 година.

Дали ребрендирањето значи нова мрежа? Дали ќе има дополнителни инвестиции во мрежата? 
Мрежата на компанијата постојано се развива. Во последните неколку години се направени значителни и видливи чекори кон подобрување на квалитетот на мрежата и стабилноста на услугата, па така, овој тренд ќе продолжи, истовремено нудејќи постојана оптимизација на корисничкото искуство. Нашиот нов бренд ќе значи понуда што нуди врвно корисничко искуство.

Промените што се случуваат во телекомуникацискиот бизнис се повеќе од очигледни. Интернетот и мобилниот интернет се во центарот на бизнисот. Дали „Вип Македонија“ е подготвен за овој глобален тренд?
Почнувајќи како „гринфилд“ операција со првиот вработен во 2007 година, Вип помина низ процес на огромни промени. Во минатата декада, Вип, кој претходно беше познат само како мобилен оператор, прерасна во повеќестран играч на пазарот, кој сега ги нуди сите услуги во областа на мобилната телефонија, фиксната телефонија, ТВ-услуги и услуги во сферата на ИКТ. Денес, Вип повеќе не е само телекомуникациски оператор или давател на мрежни услуги. Им честитаме на нашите колеги во Македонија за оваа суштинска трансформација на компанијата. Затоа, очекуваме планираното ребрендирање да ја поддржи новата позиција на компанијата на пазарот, нејзините цели за ефикасност и раст, како и нејзината понатамошна трансформација во идеален и сигурен партнер на нашите корисници во добата на дигитална трансформација.

А1 е моќен бренд. Хрватскиот член на Групацијата веќе го помина процесот на ребрендирање. Половина година по ребрендирањето, дали може со публиката да споделите што се промени и кои се придобивките за корисниците?
Согласно заедничката цел на Групацијата што се фокусира на „зајакнување на дигиталниот живот“, се стремиме да се прикажеме како идеален и сигурен партнер за нашите корисници во добата на дигитална трансформација, што значи голема општествена и еколошка одговорност. Целта е А1 да се смета за особено сигурен и енергичен давател на услуги со одличен квалитет, кој знае да ги слуша потребите на корисниците и кој нуди целосно корисничко искуство, како и бренд кој нуди моќна и напредна комуникациска инфраструктура. А1 цели кон тоа да го олесни секојдневното дигитално живеење на корисниците, како и да им го направи попродуктивно и, се разбира, попријатно.

Дали ребрендирањето значи исто за македонските како и за хрватските корисници, со оглед на тоа дека станува збор за кластер на ниво на групацијата?
Ќе се почитува сето она за што генерално се залага брендот А1, како и заедничките внатрешни водечки начела во рамките на Групацијата: тимот, довербата и агилноста. Сепак, ќе ги интегрираме во зависност од внатрешните локални вредности, барањата и потребите, притоа не заборавајќи дека станува збор за бренд што е ориентиран кон пазарот. Во секој случај, системот на брендот на А1 е доволно флексибилен и може да ги задоволи сите поединечни и локални потреби на македонскиот телекомуникациски пазар, притоа останувајќи универзално применлив со цел да се овозможи конзистентност.

 

Оригинално објавено на faktor.mk.

Назад

Слични содржини

Card image cap

Известување

А1 ги известува своите корисници дека на 25.07.2023г.  до 28.07.2023г. се планирани активности за унапредување на мрежата со цел усовршување на корисничкото искуство, поради што се можни прекини кај корисниците на мобилна технологија во реонот на Кичево..

Дознај повеќе
Card image cap

Известување

Ве известуваме дека на 19.07.2023 г. дојде до неочекуван прекин/деградација на услугите во реонот на Гостивар. Имаше времен прекин на услугите за телевизија и интернет на DVB-C технологија...

Дознај повеќе