07.05.2021

Помошта од вештачката интелигенција во деловните процеси

Сведочиме на дисперзија на идеи и многу новитети

Кариерата ја започнав во класичниот маркетинг, во А1, а потоа се префрлив на работни места од областа на дигитализацијата. Така, моето моментално работно место, како и голем број други работни места од областа на дигитализацијата, има многу дескриптивен назив: маркетинг-автоматизација и генерирање податочна вредност. Ова е дефинитивно едно од работните места за кои никогаш не мислев дека ќе го работам, а не, пак, да разберам во тоа време, пред 10 години, што ќе значи ова работно место. Така, пред 10 години, ова најверојатно звучело како магија, па дури и како научна фантастика; можеби делот со маркетингот и не е ништо ново, но податоците и автоматизацијата, тоа сигурно предизвикало изненадување. И сметам дека приказната за мојата работа сигурно не е толку интересна за пошироката публика. Мислам дека мојата приказна за тоа како маркетингот и дигитализацијата ги променија и ги обликуваа нашите животи, нашата работа и начинот на кој раководиме со компаниите е далеку поинтересна. Но, главното прашање е зошто се појави овој притисок во последните 10 години и зошто се појави овој притисок што дојде ненадејно, а тука не го ни споменувам забрзувањето на потребите предизвикани поради КОВИД-19. Наједноставниот краток одговор е очигледно поврзан со технологијата, поради тоа што сметачката моќ бележи експоненцијален раст од 70-тите години наваму. Така, сега се наоѓаме на точка каде што сме толку моќни во сметањето што буквално може да направиме сè што ќе замислиме, и тоа по многу многу ниска цена за многу мал трошок. Но, подолгиот одговор што јас го претпочитам е многу подалекосежен. Поради тоа што технологијата е толку широко распространета и толку евтина, а сметачката моќ е демократизирана, голем број луѓе имаат многу можности да испробуваат, да експериментираат, па дури и да не успеат, без притоа да претрпат некаков трошок. Така, сега се соочуваме со дисперзија на многу идеи и со многу нови работи што се случуваат насекаде. И не само во бизнисот, туку и во нашиот свет како потрошувачи сме под притисок да ги испробаме работите што ни се нудат, да бидеме во тек со најновите трендови, па како потрошувачи се соочуваме со стравот да не пропуштиме нешто, сакаме да ја испробаме секоја нова апликација, секоја нова услуга. Како бизниси, сакаме да бидеме во тек со сè за да може на нашите клиенти да им ја понудиме најдобрата услуга, па сето тоа создава „фама“ за новите нешта, а со тоа, според моето мислење, притисокот станува уште поголем, особено во однос на дигиталната трансформација.

Автоматизацијата како помош на менаџирањето на податоци 

Како изгледа ова во маркетингот, на пример, како и во мојата професија каде што работам? Маркетингот, традиционално, и начинот на кој ја започнав мојата кариера, во суштина, се сведуваат на пренесување пораки до клиентите. Исто како во старите добри времиња на „Момците од Медисон“. Но, сега, во 2021 година, клиентите едноставно ги изгубија трпението и вниманието во однос на сето она што не е релевантно за нас. А зошто е тоа така? Поради тоа што една најнова студија од 2021 година покажува дека просечно користиме 45 канали дневно, каде што комуницираме, купуваме и правиме сè останато. 45 канали. Исто така, клиентите почнаа повеќе да ги ценат искуствата отколку брендовите. 87 % од клиентите велат дека поважно им е искуството отколку брендот. Како компанија, тоа мора да го сфатиме сериозно, па затоа мора да ги искористиме сите алатки и сите можности со цел и натаму им бидеме релевантни на нашите клиенти и за да го најдеме патот до нивните срца, да најдеме начин на кој ќе им овозможиме одлични искуства, со цел, како што кажав, да останеме релевантни. Токму затоа, овие податоци ни помагаат, односно автоматизацијата ни помага да го менаџираме огромниот број различни индивидуални сложени реалности, затоа реков дека сето ова мора сериозно да се сфати, а тоа и го правиме. Има и еден друг одличен пример на кој налетав, а кој исто така спаѓа во областа на маркетингот. Има една мала компанија во Германија што работи исклучиво на тоа што пребаруваат потрошувачите на интернет и на изнаоѓањето решенија за проблемите, а поради тоа што станува збор за компанија за стоки за широка потрошувачка, тие ги произведуваат потребните производи во многу краток производствен циклус, 2 до 3 недели, а потоа ги тестираат на избран пазар, а ако тоа функционира – ги продаваат.

Моментално имаат портфолио од 300 производи што ги произведуваат во мала фабрика и може да замислите дека ако тоа го прави една компанија во Германија, колку други компании со илјадници идеи го прават истото тоа – бараат решенија онаму каде што нема проблеми, ги нема решенијата за проблемите, а се обидуваат да ги најдат многу многу брзо. Тоа е, исто така, можност и сметам дека ние како компании работиме на тоа и навистина вложуваме во луѓе и во вештини за да останеме на врвот.

Размислувајте како научници, поврзете се, учете и развивајте го своето знаење 

Меѓутоа, и натаму има едно прашање што си го поставувам, со сите овие можности и овој притисок, што правиме ние како луѓе, како треба да раководиме, како да работиме, а да останеме успешни и корисни. На ова прашање немам еден единствен одговор, туку би сакала да понудам 3 идеи: 

Прво, сметам дека би можеле да почнеме да размислуваме и да работиме како научници. Што прават научниците? Тие не се обидуваат да докажат дека имаат право, туку да ја валидизираат нивната хипотеза. Така, тие секој ден преминуваат од докажување кон подобрување. А токму таквото подобрување секој ден е нешто за кое сметам дека сите треба да го прифатиме за да бидеме поуспешни.

Второ, сметам дека би можеле да бидеме похрабри. Како што споменав, цената на неуспехот повеќе не е толку голема, па може едноставно да ја ослободиме својата креативност и да бидеме храбри, да испробуваме нови работи. Едноставно, да правиме повеќе, затоа што можеме. 

И сметам дека последната точка не е толку индивидуална, туку е нешто што може да ни помогне повеќе да се поврземе меѓусебно, да ги прифатиме заедниците, да најдеме заедници на истомисленици, експерти, локално или меѓународно, со цел подобро да се поврземе и да се обидеме да најдеме одговор на сето ова, не поединечно, туку заедно како заедница. 

На крајот, какво и да е вашето работно место моментално, за неколку години, па дури и за неколку месеци може целосно да се промени, па така, што и да работите, верувам дека нема подобро време за испробување, растење и учење од ова дигитално патување, ова трансформациско патување што сите го живееме. Се надевам дека ние жените во дигиталниот свет ќе го препознаеме ова како одлична можност со цел значително да придонесеме и да се развиеме како луѓе. 

Назад

Слични содржини

Card image cap

М-р Маријана Димоска

akcija.com.mk е онлајн продавница која нуди широка палета од преку 20.000 производи за домаќинство, декор и мебел, по принципот “склопи сам“...

Дознај повеќе
Card image cap

Тијана Станојевска Ристовска

Генерален директор

Дознај повеќе