11.04.2019

Ребрендирањето е за луѓе кои веруваат во тоа

Како што продолжува нашето дигитално патување, и ние како една компанија растеме се повеќе и повеќе заедно, во 2017 година беше донесена одлука постепено нашиот успешен А1 бренд да се прошири во сите наши земји. Минатата година Бугарија и Хрватска се придружија на нашата фамилија на А1 брендот, а пред тоа Словенија, А1 Дигитал и Групацијата (во Австрија) стана А1. Од вчера, и официјално знаеме кој е следен: тоа е Македонија!

Запознајте ги Тамара и Јана во интервјуто и дознајте го нивното гледиште кога зборуваме за осетливите и сериозни страни во подготовките на тајниот проект на ребрендирањето.

Пред да се објави ребрендирањето, има многу тајна работа што треба да се заврши. Основите на ребрендирањето се нашата заедничка А1 бренд стратегија, многу детална анализа на локалната компанија како и ситуацијата на пазарот. Продолжете да читате и дознајте што е потребно за да се изведе еден проект на ребрендирање!

Тамара Кауш (Групациски проект менаџер за ребрендирање) и Јана Дурнева (Менаџер за ребрендирање за Македонија), имаа една заедничка цел #MakeItHappen, што значеше подготвување на објавата за ребрендирањето на професионален, гладок и грижлив начин. Во ова интервју, тие зборуваат за нивната соработка на овој посебен проект и какво е чувството да се започне ново поглавје во нашата А1 историја:

Какво е чувството да се работи на подготовките за објавувањето на ребрендирањето?
Тамара: Да се има привилегија да се работи на еден олку посебен проект веќе 3 години, секој пат е чувство на нов бран енергија. Секое ребрендирање до сега си има свои предизвици и разни ситуации со кои сме се соочиле. Ми се допаѓа изреката: “Не добивате втора шанса за да оставите прв впечаток” и верувам дека лансирањето на нашиот А1 бренд остави навистина добар впечаток на пазарот на Словенија, Бугарија и Хрватска. Сигурна сум дека Македонија ќе има свој единствен начин и ќе го направи тоа на посебен начин.

Едно нешто за овие слични проекти е постојано различно а тоа се луѓето со кои работиме!

Јана: Ребрендирањето на компанијата не го чувствувам како проект, повеќе како патување. Овој проект само ја поставува основата врз која ќе ја градиме нашата иднина под брендот А1. Професионално сум многу благодарна за довербата која ми е дадена да го водам овој проект и знам дека можам да сметам на експертизата на локалниот тим и Групацискиот тим за ребрендирање како и на поддршката од нашиот Раководен Тим.

Ќе започнеме да го живееме и развиваме новиот А1 бренд на македонскиот пазар, истовремено испорачувајќи вредност на нашите корисници и интерно на нашите вработени.

Која е вашата лична поврзаност со стариот бренд? Дали е тешко да се збогувате со него?
Јана: Пред скоро четири години, споивме три компании со различни корпоративни култури, со сопствени брендови и карактеристики. Сега, ребрендирањето нуди единствена можност да се изгради иднината на компанијата под брендот А1 со која што секој член на тимот може да се поврзе. Како менаџер на проект на толку стратешки важна тема, се фокусирам на испорачување на успешен проект. За таа цел, креиравме специјален change management и амбасадорска програма кои ја објаснуваат стратегијата на брендот А1. Убедена сум дека ќе успееме да ги надминеме евентуалните емоционални аспекти кои се пред нас и дека заедно ќе креираме нешто ново.

Транспарентноста и интегрирањето на буквално секој колега во целата компанија е од голема важност.

Каква е тимската работа во компанијата и со Групацискиот тим за ребрендирање? #тим

Тамара: Тоа што особено ми се допаѓа на македонскиот пазар и колегите е нивната неверојатна гостопримливост, чувството како да си “дома”, директни и отворени разговори и многу специфична енергија на тимот кој ќе ја даде целата своја сила да го постигне невозможното. Соработуваме блиску и секојдневно.

Ја даваме нашата поддршка со целото наше познавање и експертиза, разменуваме идеи, се убедуваме и се разбира гледаме добро да се забавуваме!

Јана: Минатите месеци изградивме доверба и добро функционираме како еден тим. Со објавата за ребрендирањето, се надевам дека ентузијазмост и мотивацијата на проект тимот ќе бидат “заразни” и ќе се прошират низ компанијата. Локалниот проект тим се состои од извонредни професионалци со многу искуство кои имаат разбирање за комплексноста на проектот. Водството од страна на Групацискиот тим за ребрендирање и нивното споделување на искуства од други пазари се навистина од голема помош.

Верувам дека на крајот од проектот ќе се чувствуваме повеќе како фамилија отколку како колеги.

Кои се личните очекувања од А1 брендот?
Тамара: Со нетрпение очекувам сите компании да блеснат под А1 брендот, проширувајќи ја неговата моќ надвор од границите на земјата. Откако ќе ги завршиме проектите за ребрендирање, на секој од околу 19.000 вработени, работењето во А1 треба да биде една многу посебна димензија. #A1noborders

Наша цел: да го направиме А1 брендот интернационален бренд кој во моментот гордо опслужува 25 милиони корисници.

Јана: Да се биде дел од тим за дигитална трансформација во компанијата, јас и моите колеги сме многу возбудени да испорачаме дигитални решенија кои го дигитализираат корисничкото искуство но и го дигитализираат интерниот процес и на овој начин придонесуваме на нашата Групациска визија “Зајакнување на дигиталниот живот”.

Кои се позитивните аспекти на ребрендирањето (објавата)?
Тамара: Една работа е сигурна, а тоа е дека финалниот А1 тим и новото А1 поглавје го започнува својот нов живот дента (the night) на ребрендирањето, кога ќе биде пуштена ТВ рекламата, кога системите ќе бидат уклучени и кога ќе стискаме палци за среќа! #бесценето
Јана: Се приклучуваме кон А1 фамилијата и дел од ЕДНА компанија со силен бренд, докажан и познат во регионот на Централна и Источна Европа. Ова го отвора неизмерниот потенцијал за локални пазари, т.е. како што кажува Г-дин. Џек Ма: “Глобална визија, локална победа”.

#OneBrand #OneCompany #Team #Trust #Agility #MakeItHappen

Оригинално објавено на a1 Stories.

Назад

Слични содржини

Card image cap

Известување

А1 ги известува своите корисници дека на 25.07.2023г.  до 28.07.2023г. се планирани активности за унапредување на мрежата со цел усовршување на корисничкото искуство, поради што се можни прекини кај корисниците на мобилна технологија во реонот на Кичево..

Дознај повеќе
Card image cap

Известување

Ве известуваме дека на 19.07.2023 г. дојде до неочекуван прекин/деградација на услугите во реонот на Гостивар. Имаше времен прекин на услугите за телевизија и интернет на DVB-C технологија...

Дознај повеќе