19.04.2019

Од идеја до реалност – како новите стартап-компании може да успеат во денешниот конкурентен свет!

Вчера, како дел од CALU5 Startup Edition поддржан од Вип, нашиот главен директор за човечки ресурси, корпоративни комуникации и бизнис трансформација, Иван Скендер, имаше интерактивна сесија со повеќе од 40 учесници на хакатонот, при што го сподели неговото видување во однос на трите најважни фактори кои им се потребни на новите стартап-компании со цел да успеат во денешниот свет на технологијата. Тој истакна дека тие треба да се обидат да ги следат технологиите на иднината: IoT, Big Data, Virtual RealityArtificial Intelligence и Robotization. Без оглед на областа која ја избрале, треба да целат кон глобалниот пазар. Иван истакна дека доколку сакаат да успеат, мора да бидат меѓу првите компании на пазарот кои ќе развиваат нови технологии/решенија и доколку најмалку две компании во Македонија го имаат истиот производ, треба да изберат нешто друго.

Доколку не се сигурни како да се претстават на пазарот, неговиот совет е да користат напредни решенија и да најдат локални партнери на странските пазари. На претприемачите им е потребно технолошки знаење, практично искуство во областа на маркетингот и добар дизајн, со цел нивниот производ да биде привлечен за потенцијалните инвеститори.

Ги информираше дека „Meet-up’s“ се секогаш добро место каде може да се сретнат клучните луѓе. Технологијата не е еднократен процес. Компаниите мора да бидат подготвени да учат, да учат и да учат со цел да успеат во денешниот деловен свет, поради тоа што стекнатото знаење застарува многу брзо.

На крај, најважниот совет кој им го даде на младите претприемачи беше следниот: Користете ги технологиите на иднината, бидете со знаење од повеќе области, бидете подготвени да учите и да вложувате време во групи и настани за развој како овој настан.

Назад

Слични содржини

Card image cap

М-р Маријана Димоска

akcija.com.mk е онлајн продавница која нуди широка палета од преку 20.000 производи за домаќинство, декор и мебел, по принципот “склопи сам“...

Дознај повеќе
Card image cap

Тијана Станојевска Ристовска

Генерален директор

Дознај повеќе