25.04.2019

Vip со нов концепт на продажниот салон во центарот на Скопје

Vip продолжува да ја модернизира својата продажна мрежа и го објавува комплетно новиот лик на продажниот салон во Градскиот трговски центар со целосно нов концепт на уредување и пристап на продажба.

“Овој продажен салон е еден во ланецот од продажната мрежа уреден според светските архитектонски трендови за современи комерцијални објекти. Истиот има за цел да понуди иновативно корисничко искуство, следејќи ги навиките на корисниците за сè поголемо користење на дигитални алатки. Корисниците можат да ги разгледаат производите и услугите што ги бараат и на тој начин уште полесно и поедноставно да го направат вистинскиот избор на производи кои од една страна ќе им ја збогатат комуникацијата, а од друга страна ќе им го направат животот полесен и позабавен,” изјави Елена Панова, директорка на продажба на приватни корисници и маркетинг во Вип.

Дополнително, корисниците добиваат можност самите да реализираат електронско плаќање на сметка преку едноставно користење на уредот сместен на еден од најпристапните делови во просторот на салонот.

Ентериерното освежување во продажна мрежа на Вип, која брои 29 салони низ целата земја, ќе продолжи и во наредниот период. Досега според овој концепт се уредени салоните во ТЦ Рамстор и во Струга.

 

Назад

Слични содржини

Card image cap

Известување

А1 ги известува своите корисници дека на 25.07.2023г.  до 28.07.2023г. се планирани активности за унапредување на мрежата со цел усовршување на корисничкото искуство, поради што се можни прекини кај корисниците на мобилна технологија во реонот на Кичево..

Дознај повеќе
Card image cap

Известување

Ве известуваме дека на 19.07.2023 г. дојде до неочекуван прекин/деградација на услугите во реонот на Гостивар. Имаше времен прекин на услугите за телевизија и интернет на DVB-C технологија...

Дознај повеќе