19.07.2019

Интервју со Гораст Цветковски, актер, програмер, гејмер

Познатиот актер Гораст Цветковски, јавноста го поврзува и со гејминг. Тоа е неговата втора пасија. Се реализираше ли сонот од детството?

Јас бев роден за програмер, кога јас растев се викаше „компјутерџија“ . Татко ми е од таа струка и сѐ околу мене се движеше во таа насока. Завршив Средно електро, со просек 5.00, без проблем, го положив приемниот испит на Електро факултет, арно ама, сфатив дека тоа што јас сакав да го правам и работам, веб страници, 3D моделирање, игри и програмирање, беше многу малку застапено, во тогашните програми. Требаше да учам уште многу математики, основи по електротехника, физика и други предмети (кои се исто така важни), да преживеам, за некогаш понатаму да дојде моментот што јас го сакам.

И така фатив кривина. Една станица понатаму, беше Факултет за драмска уметност. Се пријавив, полагав, ме примија и за моја среќа ми тргна. Сега сум вработен актер во Македонскиот театар, но и горд коосновач на Македонската асоцијација за правење игри – МАГДА и коосновач на првиот и во моментов единствен гејминг подкаст во Македонија GG.MK.

Секое за себе е вентил за другото. Гејмингот и програмирањето ми даваат реална слика на тоа што го правам затоа што тука 1 е секогаш 1, а пак актерството, ми дозволува да го регенерирам мозокот така што 1 е можеби 2… или 3…

Телекомуникацската компанија Vip, ги прави пионерските чекори во земјава, за воведувањето на концепт за вклучување на корисниците во креирање на нови производи и услуги. Дали мислите дека ќе биде успешен?

На интернет има еден куп „мемиња“ за „Design vs. User experience“ и мислам дека тоа одлично ја отсликува реалната слика. Многу често, корисниците ги користат уредите, или услугите, обратно, или, во најмала рака, погрешно од тоа како дизајнерите или креаторите ги замислиле. Најсликовито, кога има патека до најблиската трафика, луѓето нема да одат само по патот, кој, иако е убаво естетски направен, оди од околу, туку ќе скратат дијагонално по тревата.

Вие сте еден од членовите во целните групи кои креираат заедно. Како реално се одвива циклусот на работилници?

Ова е прв пат, да бидам вклучен во ваква програма. Целиот процес на почетокот делуваше прилично опуштено, да не речам несериозно. Сите нафрлаа идеи, од кои, голем дел звучеа дури и чудно. Постоеше срам, некој да не каже поголема глупост од тој до него. Дали ако го кажам ова ќе ми се смеат? Што ако некој друг го каже и излезе попаметен од мене? Смеам ли да побарам нешто за пиење? Кој е машки, а кој женски тоалет?

Еден куп прашања, коишто навидум не водеа никаде,… но како поминуваше времето, така и маглата се тргаше и стана јасно, кон што самите ние во тимот се насочивме. Беше неверојатно, како од сите тие двесте идеи кои беа нафрлани „како од ракав“, на крајот, добивме концепти за продукти, кои одговараат на потребите на сите нас во тимот , а Vip се способни тоа и да го прифатат и реализираат.  Згора на тоа, моментот да креираш нешто, кое ќе го користат милиони корисници, а притоа јавноста да знае дека ние сме го направиле, е неверојатно чувствo.

Каква е атмосферата кога влегувате во процесот на креирање?

Не знаевме што точно нè очекува. Откако потпишавме еден куп хартија, којашто морам да признаам дека на момент малку ме замисли. Си помислив, каде ли одам сега? Гледајќи ја групата околу мене претпоставив дека најверојатно станува збор за фокус група – што не беше точно. Беше далеку, далеку од фокус група. Беше креирање, дизајнирање и журка. Сѐ во едно.

Дали компанијата има слух, да ги имплементира препораките од страна на корисниците?

Светот секојдневно ни презентира нови технологии, достигнувања, гаџети, уреди на интернет, а мноооогу малку од тоа доаѓа на нашиот пазар. Да не спомнувам, дека за да ги добиеме, мораме да станеме фирма-правник-цариник-банкар, сѐ во едно. Vip прави еден многу добар чекор, веќе подолго време. Стануваат сè повеќе софистицирани. Следат во која насока се движат потребите на корисниците.

Се сеќавам дека паметниот дом, или Vip Smart Home, беше една од идеите, кои се провртеа низ тимовите и ОП, за некое време го гледаме како продукт. И што е најјако, функционира. Не е само измислица, не е само флаер, туку всушност работи. Истото беше и со Vip Game Fest. Vip сфатија каде се движи заедницата, што е во моментов на пиедесталот и се осудија на чекор кој беше огромен. Вложиjа огромен труд, луѓе, логистика и технологија, за на крајот да излезе тоа што беше. Најголемиот гејминг турнир до сега кај нас. Чувство од епски размери!

Назад

Слични содржини

Card image cap

М-р Маријана Димоска

akcija.com.mk е онлајн продавница која нуди широка палета од преку 20.000 производи за домаќинство, декор и мебел, по принципот “склопи сам“...

Дознај повеќе
Card image cap

Тијана Станојевска Ристовска

Генерален директор

Дознај повеќе