12.03.2021

Квалитетот на мрежата поважен од кога било

Уште во првата генерација на мобилните мрежи во 80десетите години луѓето ја препознаа слободата на комуникациja во движење и покрај единствената услуга која се овозможи so 1Г е говорот и тоа на аналогна технологија. Преминување на Дигитална технологија и овозможување на СМС како прв вид на допишување како и Роаминг како уште поголема слобода во движење беа овозможени со почетокот на 2Г. Многу набрзо се овозможи и првиот интернет сервис на мобилна мрежа GPRS.

Повеќе не мораше да се седи дома и да се очекува повик на телефон, можеше да се разговара секаде и секогаш, и тогаш се роди нова потреба, да се има и интернет, да може да се пракаат е-пошти и да се остваруваат видео повици. И така од почетоток 2000дите години за многу краток период со растење на апетитите на корисниците се развија дури 5 генерации од кои дури 4 во момeнтов се комерцијално живи и овозможуваат сервиси, 2G,3G,4G I 5G. Во комуникацијата преку мобилните мрежи се вклучија не само луѓето туку и машините, се разви М2М, IoT и уште многу револуционерни идеи за автоматизација и олеснување на животот.

Денес се повеќе се работи од дома, квалитетот на мрежите е под лупа во секоj дом и секоја работна средина ширум светот. За време на пандемија обезбедивме на нашите корисниците мрежни услуги дури и во руралните подрачја со тоа минимизирајќи го влијанието врз нивниот бизнис. A1 Македонија исто како и светските мобилни мрежи докажа дека може да обезбеди перформанси за корисниците без да изостанува во светските стандарди.

Квалитетот на мрежата е важен двигател на динамиката на пазарот подолго време. Светскиот телекомуникациски пазар покажува дека операторите се повеќе се натпреватуваат во обезбедување на подобри услуги и перформанси за своите корисници. Ние во А1, особено во одделот за техника посветено и напорно работиме на предизвикот да обезбедиме најбрз интернет за нашите корисници.

 

Како А1 ја создаде мрежата со најбрз мобилен интернет?

Паметно се инвестираше во најнапредна технлологија овозможувајќи LTE-Advanced Технологија за корисниците, секогаш први имплементирајќи ги последните новитети од истата.

А1 Македонија прва на пазарот имплеметираше Агрегација на 3 и 4 сигнали на 4G (3CA и 4CA во DL, 2CA во UL), која заедно со технологијата за 4x4MIMO овозможува да се достигнат торетски максимални брзини на симнување до 1 Gbps. Во изминатиот период надградивме над 600 базни станици, од кои на 350 беа овозможени 4CA I 4x4 MIMO. На тестовите во мрежа измеривме максимални брзини на симнување од 473Mbps.

Корисниците веќе подолго време нè препознаваат по брзата и стабилна интернет конекција. Последните квартални мерења од АЕК го потврдија тоа. Националниот извештај на АЕК за 2020 година покажа дека за преземање на фајл со големина од 10 GB, А1 Македонија постигнува брзина на пренос на податоци од 97 Mbps, наспроти задолжителната вредност од 55 Mbps. Ова е средна брзина на целата мрежа, доколку ги погледнете деталните извештаи на АЕК за секој регион посебно ке видите дека во големите градови А1 обезбедува и поголеми брзини. И не само тоа, А1 има подобри резултати и во гласовните сервиси во процентот на воспоставување на повик и значително помалку прекинати повици.

Освен инвестициите значително влијание на квалитетот на мобилната мрежа има и начинот на кој што оперираме со неа. Се работи брзо, експедитивно и внимателно да не се нарушат сервисите до нашите крајни корисници. Тимовите за инсталација и одржување кои работат на терен дури и за време на пандемијата и независно од временските услови работеа агилно и непрекинато.

Во Македонија корисниците уживаат во привилегијата да имаат сервиси на ниво на 5те најдобри држави во Европа. Бројни Телекомуникациски списанија и измерени резултати од независни организации за benchmark на мрежи тоа го кажуваат веќе подолго време. Ова беше потврдено во април минатата година од страна на реноминираното списание Connect.de каде што Македонија беше рангирана на второ место во Европа, а А1 Македонија беше позиционирана на 12 место.

Ние од одделот во техника заедно сме горди на постигнатите резултати, догогодишен труд ни овозможи да ги постигнеме тие брзини и искуство како да одржуваме стабилност и континуитет.

Што понатаму

Да се постигнуваат високо поставени цели и резултати е секогаш голем предизвик. Еуфоријата да се постигне максимумот е секогаш силен двигател на тимовите кај нас, а развојот на мобилните мрежи постојано го поместува истиот. Секогаш кога ќе стигнеш до врвот има место за подобрување и со таа позитивна енергија чекориш кон новите хоризонти кои ти се отвориле од новата позиција.

Нè очекуваат нови предизвици, да ја задржиме и одржиме стабилноста и континуитетот на перформансите на најбрзата мрежа, и да ја правиме уште побрза со секој нов тренд кој ке го наметне пазарот.

Дигитализацијата се случува сега, потребите на новиот свет од технолошка гледна точка се дефинираат генерално во 3 категории:

  • Enhanced MobileBroadBand(eMBB) – поголеми брзини дури и во подрачја со голем трафик деманд и мобилност
  • massive Machine Type Communications (mTC) – поголем капацитет и нови можности за конфигурирање IoT системи со можност за специфични конфигурации за потребите на разлицни индустрии
  • Ultra-Reliable and Low Latency Communication (URLLC) – поголема латентност за индустрии со потреба од брз и прецизен интернет

Ова несомнено не носи кон 5Г, кон овозможување на големи брзини за потребите на корисниците во Еdge Computing, како за работа од далечина така и за забава и Gaming, кон поврзување на се повеќе уреди во мрежа со цел да се оперира и надгледува нивната функционалност преку IoT I URLLC.

Во А1 Македонија секој знае дека секојдневно треба да се учи и надградува за да ги следиме трендовите на технологијата. Ова е време на трка со развојот на технологиите за што е потребно постојано учење и надградување и подготвеност за сите предизвици кои ни ги носи со себе брзиот развој на дигитализацијата.

Назад

Слични содржини

Card image cap

А1 Македонија е првиот телеком на домашниот пазар што нуди Netflix, водечка светска стриминг-услуга

Како дел од стратегиското партнерство на Групацијата А1 Телеком Австрија со Netflix, А1 Македонија станува првата телекомуникациска компанија на домашниот пазар што ја нуди оваа водечка стриминг-услуга за своите корисници...

Дознај повеќе
Card image cap

„A1 Academy“ го отвора пријавувањето за модулот Бизнис-аналитика

А1 Македонија најавува нов повик за бесплатната Академија за дигитални вештини „A1 Academy“ и од денеска до 3.4.2024 г. ја отвора можноста за пријавување на модулот – Бизнис-аналитика...

Дознај повеќе