08.07.2019

Известување

Ве известуваме дека на 05.07.2019г., поради оштетен оптички кабел, дојде до неочекуван прекин на услугите во градот Скопје, во реоните на Шутка и Визбегово. Од таа причина имаше времен прекин на фиксните услуги, фиксна телефонија, ТВ и фиксен интернет кај корисниците на DOCSIS технологија. По интервенирање на професионалните екипи, проблемот беше успешно отстранет и услугите беа вратени во функција. Се извинуваме и Ви благодариме на разбирањето.

Назад