08.03.2021

А1 за корисниците на мобилната телефонија

А1 Македонија продолжува да го збогатува своето портфолио со понуди и услуги и за своите корисници на мобилна телефонија воведува можност за зголемено количество мобилен интернет и зголемен попуст за нови смарт телефони што ја прави комуникацијата уште поопуштена.

Од сега, во понудата на А1 Македонија е најновата промоција за корисниците на мобилната телефонија кои со склучувaње на нов договор или обнова на тарифниот модел А1 Neo M+ имаат можност да изберат нов смарт телефон и тоа од атрактивните модели Samsung A12 по цена од 199 денари/месечно и Huawei P Smart 2021 по цена од 199 денари/месечно. Притоа корисниците добиваат и 30GB мобилен интернет за сурфање на најбрзата мобилна мрежа што неодамна е потврдено со мерењата за квалитет на мрежи од независното регулаторно тело, Агенцијата за електронски комуникации.

Дополнително, корисниците ја добиваат и опцијата за замена на неискористените гигабајти сочувани во А1 Net Sef која можат да ја користат и за други услуги. Имено, со функционалноста на A1 Net Sef, единствена од ваков вид на европскиот пазар, корисниците на мобилни услуги добиваат можност не само да го зачуваат интернетот и да го одложат неговото користење туку неискористените GB да ги заменат за друга услуга како интернет во странство или меѓународни разговори.

Со оваа опција за размена, корисниците кои патуваат во странство или имаат потреба од меѓународни повици можат едноставно преку мобилната апликација Мојот А1 да активираат дополнителен пакет по свој избор.

Најновата промоција на А1 Македонија е уште една потврда на заложбата за креирање производи и услуги кои придонесуваат за поедноставна и богата комуникација и премиум корисничко искуство.

Назад

Слични содржини

Card image cap

А1 Македонија е првиот телеком на домашниот пазар што нуди Netflix, водечка светска стриминг-услуга

Како дел од стратегиското партнерство на Групацијата А1 Телеком Австрија со Netflix, А1 Македонија станува првата телекомуникациска компанија на домашниот пазар што ја нуди оваа водечка стриминг-услуга за своите корисници...

Дознај повеќе
Card image cap

„A1 Academy“ го отвора пријавувањето за модулот Бизнис-аналитика

А1 Македонија најавува нов повик за бесплатната Академија за дигитални вештини „A1 Academy“ и од денеска до 3.4.2024 г. ја отвора можноста за пријавување на модулот – Бизнис-аналитика...

Дознај повеќе