
А1 Македонија го реализираше првиот повик на 5G технологија
A1 Македонија, како компанија што постојано ги имплементира најсовремените технологии што обезбедуваат највисоко ниво на квалитетот на услугата за своите корисници, со гордост објавува дека успешно ја заврши првата фаза на тестирање на примена на комерцијална 5G технологија во државата.
Тестовите со комерцијални терминални уреди во географски ограничена реална средина, надвор од лабораториски услови, ги потврдија очекувањата и можностите на 5G технологијата во насока на остварување огромни битски брзини, многу ниски латенции и можност за поврзување на интернет на огромен број уреди, односно иновативни апликации на петтата генерација безжична технологија на опсег од 3500 MHz.„Со напорни и интензивни подготовки во минатиот период, развивме интерни компетенции и овозможивме високо ниво на технолошка подготвеност за комерцијално воведување на 5G. Со гордост ја известуваме јавноста дека го реализиравме првиот 5G повик во тестна мрежа на А1 Македонија и со тоа можеме да потврдиме дека како компанија сме подготвени да продолжиме со следните чекори во воведување на најновата мобилна технологија од петтата генерација. Наскоро ќе го демонстрираме техничкиот потенцијал и иновативните промени на оваа најнова, револуционерна технологија“, изјави Божидар Полдругач, директор на одделот за техника во А1 Македонија.
Со мрежите од петтата генерација се овозможуваат целосно нови примени во областа на безжични комуникации, современи начини за користење на мобилните мрежи и многукратно подобрување на корисничкото искуство, обезбедувајќи големи брзини и капацитети за пренос на податоци (интернет), видео и гласовни услуги, како и поголемо покривање и кратка латенција, која овозможува сигурна податочна комуникација во реално време, овозможувајќи поврзаност за индустриски апликации, автономни возила, гејминг, разновидни автономни уреди со долг век на траење на батериите и воопшто секаков вид современи податочни услуги што оваа технологија ги овозможува.
Назад
Последни новости
-
Супер подарок со Е-сметка!
18.01.2021 -
Atlantic група
18.01.2021 -
Дигиталниот корисник и важноста на дигиталните канали во формирањето на корисничкото искуство
15.01.2021 -
А1 Game Fest 2020 и оваа година ги надмина очекувањата
23.12.2020 -
Новогодишните изненадувања од А1 Македонија се за секој поединец и за целото семејство
14.12.2020
Слични содржини
А1 Game Fest 2020 и оваа година ги надмина очекувањата
A1 Македонија, организаторот на А1 Game Fest 2020, најголемиот е-спорт и гејминг настан во земјава, во соработка со GG.MK и оваа година понуди вистинска забава за сите гејмери, трет пат по ред, на фестивалот кој ги надмина очекувањата на учесниците и публ
Дознај повеќеПродолжуваат новогодишните изненадувања од А1 Македонија
Подарок за сите А1 корисници секој ден до 30 декември преку апликацијата “Мојот А1”
Дознај повеќе