16.02.2026

Овој Валентајн, A1 Македонија и 6 скопски кафулиња ја отворија темата за safe dating

Овој Валентајн, A1 Македонија и 6 скопски кафулиња ја отворија темата за safe dating

Скопје, 16 февруари 2026 г. – Одбележувањето на Валентајн минатиот викенд беше причина А1 да потсети дека, во време кога запознавањата се почесто започнуваат онлајн, безбедноста треба да биде неизоставен дел од секоја љубовна приказна. По тој повод, компанијата реализираше посебна активација посветена на safe dating, во соработка со шест еминентни скопски кафулиња, Че, Синдикат, Улица 22, The Dude, Chillin’ и Bar 90 кои доброволно се приклучија на иницијативата.

Иницијативата имаше за цел да ја подигне свеста за одговорно и безбедно запознавање во дигиталната ера, особено во период кога Валентајн носи зголемена динамика на нови контакти и комуникација.

„Нашиот пристап во А1 е да создадеме вредност за луѓето, не само преку технологија, туку и преку поддршка на нивните секојдневни избори. Safe dating е повеќе од практичен совет, тоа е промовирање на свесна, одговорна и безбедна култура на запознавања, каде довербата и почитта се темел на односите меѓу луѓето. Особено ја цениме поддршката на локалните партнери кои се приклучија на оваа иницијатива, бидејќи токму нивното учество ја потенцира важноста на темата и ја прави поцелосна,“ изјави Бранкица Толевска, раководител на оддел за корпоративна стратегија, трансформација и корпоративни комуникации во А1 Македонија.

Во сите овие локали беа поставени стикери со QR код кој води кон a1.mk, каде посетителите можеа да пронајдат практични совети за безбедно онлајн запознавање, препознавање „црвени знамиња“ и заштита на личните податоци. Активноста предизвика интерес кај посетители од различни возрасти, проследена со позитивни реакции.

Со оваа активација, А1 ја потврдува својата посветеност кон дигиталната безбедност и едукацијата на корисниците, промовирајќи култура на паметно, одговорно и безбедно користење на онлајн платформите. Активноста е дел од платформата „Подобар Онлајн“, посветена на подигање на свеста и обезбедување практични насоки за безбедно однесување во дигиталниот свет.

Контакт за медиуми А1 Македонија:
Емилија Зографска
Корпоративни комуникации
тел. ++389 75 400505
e-mail: emilija.zografska@A1.mk

Назад

Слични содржини

Card image cap

A1 Македонија почнува моќна национална кампања за поодговорно користење на технологијата во сообраќајот

A1 Македонија заедно со Министерството за внатрешни работи денеска и официјално ја претставија националната општествено одговорна кампања „Одговорно со технологијата“, насочена кон подигнување на јавната свест...

Дознај повеќе
Card image cap

А1 Македонија ја претставува револуционерната функционалност „ Подари на пријател“ за А1 Алфа корисници

А1 Македонија повторно го поместува лимитот на дигиталните можности, овозможувајќи уникатен начин за поврзување на корисниците преку своето портфолио...

Дознај повеќе