23.12.2020

А1 Game Fest 2020 и оваа година ги надмина очекувањата

A1 Македонија, организаторот на А1 Game Fest 2020, најголемиот е-спорт и гејминг настан во земјава, во соработка со GG.MK и оваа година понуди вистинска забава за сите гејмери, трет пат по ред, на фестивалот кој ги надмина очекувањата на учесниците и публиката.

Liveshop

На годинашното онлајн издание, учесниците се натпреваруваа во 4 игри - Tekken 7, FIFA21, League of Legends и Fortnite и косплеј натпревар. Возбудливите финални натпревари завршија со победи на тимот Reborn eSport во League of Legends, тимот RageQuitters во Fortnite, Игор Тодоровски во FIFA21, Симеон Двојаков – Spades во Tekken 7, и Сара Трајкоска со маската Pyramid head од Silent Hill во Косплеј натпреварот. Финалето се одржа во специјално адаптиран простор според сите препорачани протоколи и стандарди за COVID-19 со што беа обезбедени максимални услови за заштита и превенција на учесниците.

Liveshop

Натпреварите се одвиваа преку гигабитни линкови обезбедени од страна на А1 Македонија. Оптичкиот интернет покажа супериорен квалитет и стабилност со брзина од скоро 1 гига, неопходен за ултимативно гејмерско искуство. Натпреварите беа проследени со коментатори за секоја игра посебно, стримани во живо на сервисот на GG.МК, a пренесени преку оптичката мрежа на А1 Македонија. Преносот во живо понуди забава за над 15 илјади гледачи и го прави A1 Game Fest 2020 најпосетениот фест до сега, но и еден од најпосетуваните стримови во земјата.

Liveshop

Покрај награден фонд за победниците, и најсреќните од онлајн публиката добија бројни гејминг уреди. А1 Македонија останува посветена на најновите трендови на светската телекомуникациска сцена која го инкорпорира гејмингот како дел од поп културата и на е-спорт и гејминг заедницата во земјата која незапирливо расте. А1 Game Fest останува на мапата на активности на компанијата во знак на негување на оваа култура, нејзина поддршка и унапредување.

Назад

Слични содржини

Card image cap

Како се промени B2B продажбата во време на пандемија

КОВИД-19 пандемијата е најголемата здравствена и економска криза во светот забележана во последната декада од овој век...

Дознај повеќе
Card image cap

А1 Business тарифи, најнова атрактивна понуда за деловните корисници

Неограничени разговори, вклучена комуникација со странство, неограничен интернет со 6 месеци без претплата за фиксните услуги

Дознај повеќе