14.12.2020

Новогодишните изненадувања од А1 Македонија се за секој поединец и за целото семејство

А1 Македонија годината ја завршува со уште една атрактивна промоција со која корисниците на услугите добиваат уште повеќе бенефиции. Од А1 Македонија велат дека во годината која е поинаква за сите, нивната намера е да ги разубават празниците за своите корисници со специјална промоција со која добиваат можност да ја дочекаат новата 2021 година со можност да добијат уреди по најповолни услови, многу повеќе содржини и услуги кои овозможуваат премиум корисничко искуство. За деталите за новогодишната промоција зборувавме со Елена Ајтарска и Јане Плавевски, Маркетинг Експерти од А1 Македонија во резидентниот сегмент. 

Што ве водеше при креирањето на новогодишната промоција?

Јане: Како и при секое креирање на нов продукт или промоција, фокусот на А1 Македонија се нашите корисници. Потребите на корисниците секогаш се вистинската насока по која една компанија треба да се води како би постигнала високо ниво на корисничко задоволство и одлични резултати и тоа го правиме и ние во А1.

И покрај тоа што овој празничен период е поразличен од било кој претходен, корисниците ќе сакаат да ги израдуваат своите најблиски и да им подарат нешто со кое би им посакале многу поубава и поуспешна нова година. Поради ова, А1 Македонија понуди значително зголемен буџет за набавка на смарт- телефони и телевизори во рамки на своите услуги од Мобилното и Конвергентното портфолио (Мобилни, ТВ и интернет услуги). 

На кого се однесува новогодишната промоција?

Јане: Оваа промоција се однесува на сите корисници и нивните семејства кои можеби за време на празничниот период не можат да бидат заедно поради здравствени и сигурносни причини но преку услугите на А1 Македонија можат секогаш да останат поврзани, а исто така и да си даруваат одлични подароци.  Свесни сме дека 2020 со себе донесе големи предизвици на сите планови на нашите корисници и токму поради тоа со зголемениот буџет сакаме да им понудиме можност да си набават уред согласно нивните потреби, но и огромно количество на мобилен интернет за непречена комуникација.

Кои се придобивките од корисниците на мобилната телефонија од новогодишната промоција

Јане: Мобилното Постпејд портфолио на А1 Македонија (А1 Neo) секогаш на корисниците им ја нуди најголемата вредност за она што го плаќаат, а со оваа промоција ќе понудиме и дополнителни Новогодишни изненадувања ! Во тарифата А1 Neo M+ корисниците ќе можат да го изберат ексклузивниот смарт- телефон Samsung Galaxy A31 по одлична цена од 299 денари/месечно или Samsung Galaxy A21s по цена од 99 денари/месечно.

Дополнително, за време на новогодишната промоција корисниците ќе можат да добијат и неверојатни 50GB мобилен интернет вклучени во тарифата, кој доколку не го искористат ќе можат да го зачуваат во A1 Net Sef, а потоа доколку сакаат и да го разменат за дополнителни придобивки преку апликацијата Мојот А1. 

Дали корисниците имаат потреба од комбинирани услуги?

Елена: Да, секако. Во период кога повеќе од било кога корисниците го минуваат времето дома, неопходна е потребата за комуникација со светот, без разлика дали станува збор за онлајн настава, работа од дома, информирање за случувањата или релаксирање со добра музика или филм. Од тој аспект, неоспорна е потребата за стабилна интернет конекција и квалитетна ТВ соджина. Овие услуги во комбинација со мобилни услуги во А1 Combo им овозможуваат на корисниците да имаат заштеда на време и пари остовремено благодарение на поволностите кои ги нуди тековното А1 Combo портфолио. 
 

Кои услуги може да се комбинираат?

Елена: Ние континуирано ги следиме потребите на нашите корисници и затоа тековното А1 Combo овозможува максимална флексибилност која е единствена како понуда на пазарот и може да ги задоволи различните потреби на корисниците. За корисник да ги добие поволностите на комбинираните услуги, односно да има А1 Combo, потребно е да има најмалку една мобилна линија и интернет услуга. Бројот на мобилни линии кои може да се вклучат во А1 Combo зависи од тарифниот модел на интернет услугата на корисникот и максимално може да се вклучат до 10 мобилни линии, без притоа да има ограничување за тарифните модели на кои се тие мобилни линии.

Телевизијата како сервис е опционална во А1 Combo. Доколку корисникот сака да има ТВ сервис има еклузивна можност да ја креира својата програмска шема. Согласно тарифниот модел кој корисникот ќе го избере, покрај стандардните канали кои се вклучени бесплатно во претплатата, ќе може да одбере до 3 дополнителни бесплатни ТВ пакети. Исто така, веќе еднаш избраните ТВ пакети може да се менуваат во текот на договорот согласно корисничките потреби преку апликацијата Мојот А1. Односно со една реченица, целосна флексибилност и контрола на трошоци од страна на секој корисник. А благодарение на новиот А1 калкулатор, секој корисник може онлајн да го креира и да го нарача својот А1 Combo пакет.
 
Која е најголемата придобивка во овој сегмент во новогодишната промоција?

Елена: А1 Combo асоцира на заштеда на трошоци заради големите попусти на месечна претплата кои корисниците ги добиваат и на мобилните и на фиксните сервиси доколку се врзани во А1 Combo комбиниран пакет. Но, А1 Combo нуди и највисока вредност за корисниците. Сите А1 Combo корисници добиваат бесплатно А1 Xplore TV, А1 Видеотека, брз и стабилен интернет, најквалитетна слика на пазарот, максимална флексибилност за креирање на својот пакет, но и најголем попуст за набавка на уред. 

Од што зависи висината на попустот и за што може да се искористи?

Елена: Нема ограничување за типот на уреди кои корисникот може да ги набави од А1 Македонија и согласно неговите потреби може да избере мобилен телефон, но и телевизор, таблет, паметни уреди, е-скутер, Play Station итн. Висината на попустот зависи од тарифните модели на мобилните и фиксните услуги кои се дел од А1 Combo.

Најпопуларната комбинација во А1 Combo од A1 Net M + TV M со две мобилни линии A1 Neo M+ нуди попуст за набавка на уред од 20.000 денари кој може да искористи за набавка на атрактивен мобилен телефон како Samsung Galaxy A51 без дополнителна доплата или 50’’ Samsung телевизор за месечна рата од само 199 денари.

Назад

Слични содржини

Card image cap

Супер подарок со Е-сметка!

А1 подарува смартфон и телевизор за активација на електронска сметка

Дознај повеќе
Card image cap

Дигиталниот корисник и важноста на дигиталните канали во формирањето на корисничкото искуство

Денес корисниците имаат поголем пристап до информации од било кога. Сè е достапно со неколку клика на мобилните уреди – во секое време, од секоја локација, а најголем дел од информациите корисниците ги добиваат токму преку дигитални канали и тоа социјални

Дознај повеќе