17.11.2025

А1 Македонија со успех ја реализира првата конференција Content Positive 2025

А1 Македонија со гордост ја реализира првата конференција Content Positive 2025, една поинаква конференција, наменета за промоција на побезбеден и поквалитетен дигитален простор. Настанот претставува значаен чекор во визијата на компанијата за создавање позитивен и одговорен онлајн екосистем, каде што секој корисник може да се чувствува заштитено и информирано.

„Content Positive 2025 ја потврдува нашата долгорочна заложба како компанија да изградиме дигитален свет кој е безбеден, одговорен и инспиративен за сите. Нашата цел не е само да обезбедиме технолошка иновација, туку и да создаваме култура на свесност, образование и позитивни практики во онлајн заедницата. Веруваме дека секој поединец, организација и креатор има улога во градењето на побезбедно интернет опкружување, и само со заедничка одговорност и знаење можеме да овозможиме интернет кој е инклузивен, доверлив и поттикнувачки за развојот на следната генерација,“ изјави Методија Мирчев, Главен извршен директор на А1 Македонија.

„Наша мисија како компанија е да поттикнуваме одговорно користење на дигиталните технологии и да создадеме услови за иновации кои носат позитивни промени. Content Positive 2025 ја истакнува важноста на практичните решенија, соработка и свесност, кои се клучни за градење на сигурен и инспиративен онлајн екосистем. Веруваме дека со обединување на експерти, креатори и институции можеме да го обликуваме дигиталниот свет така што секој корисник ќе се чувствува заштитено, информирано и вреднувано,“ додаде Бранкица Толевска, раководител на бизнис трансформација, корпоративна стратегија и корпоративни комуникации во А1 Македонија.

На конференцијата учествуваа бројни истакнати личности од различни области, кои со својата експертиза и искуство дадоа значаен придонес во дискусиите за дигитална безбедност, медиумска одговорност, приватност, дигитални права, креаторство и младите како идни носители на позитивни промени во онлајн светот. Меѓу учесниците беа: Коле Чашуле, д-р Иван Чорбев, Нина Ангеловска, Јована Аврамовска, Стевчо Ристески, Н.Е. Амбасадор Памер, Ана Колева, Божидар Спировски, Весна Трпевска, Ас. д-р Васка Митова, проф. д-р Калина Сотироска Иваноска, Биљана Ристеска, Живко Мукаетов, Кики Мукаетова, Ана Попризова, д-р Димитар Јовевски и Елеонора Венинова.

А1 Македонија им се заблагодарува на сите учесници, панелисти и гости за нивниот активен придонес, инспиративни дискусии и посветеност, кои ја направија конференцијата Content Positive 2025 значаен настан за промоција на безбеден и одговорен дигитален простор. А1 останува посветена на темата за градење позитивен и безбеден дигитален екосистем. Компанијата ќе продолжи со активности и иницијативи кои поттикнуваат свесност, образование и одговорно користење на дигиталните технологии.

Контакт за медиуми А1 Македонија:
Емилија Зографска
Корпоративни комуникации
тел. ++389 75 400505
e-mail: emilija.zografska@A1.mk

Назад

Слични содржини

Card image cap

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

А1 Македонија ја отвора сезоната на празнични изненадувања и им подарува на сите мобилни корисници на A1 Net Sef дополнителни гигабајти и дополнителни опции за размена согласно тарифниот модел што го користат...

Дознај повеќе
Card image cap

ОХРИДСКО ЛЕТО И A1 МАКЕДОНИЈА ЈА ПОТВРДИЈА СОРАБОТКАТА И ВО НАРЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ

A1 Македонија со гордост ја најавува продолжената стратегиска соработка со престижниот културен фестивал „Охридско лето“...

Дознај повеќе