02.10.2025

А1 Македонија ги отвори вратите за новата генерација платена пракса преку програмата A1 WayUp

Со особена чест и задоволство, А1 Македонија го најавува официјалниот почеток на нова генерација млади таленти кои ќе ја следат платената пракса во рамките на реномираната програма A1 WayUp за 2025/2026 година. Оваа програма, која годинава се одвива петта година по ред, претставува значаен мост помеѓу академското образование и професионалниот развој, овозможувајќи им на младите професионалци да стекнат бесценето практично искуство и да се усовршуваат во иновативна и предизвикувачка работна средина во А1 Македонија и во рамките на целата А1 Телеком Австрија Групација.

Во текот на оваа сезона, вкупно 16 избрани учесници ќе ги развиваат своите експертизи во клучни и перспективни домени како што се автоматизацијата, анализа на податоци, виртуелизација, развој на платформи, инфраструктура и облачни технологии (Infrastructure & Cloud), сајбер безбедност, технолошки сервиси, ИКТ решенија и човечки ресурси, со што ги одговараат современите потреби на дигиталната трансформација.

„Многу сме задоволни од високата заинтересираност и квалитетот на кандидатите кои оваа година аплицираа за нашата програма. Ова не само што ја потврдува репутацијата на А1 Македонија како водечка компанија која нуди напредна, иновативна и стимулирачка работна средина, туку и како место каде што младите таленти можат да ги развијат своите способности и да создадат солидна основа за нивната понатамошна кариера. Новата генерација практиканти ќе има пристап до обуки од висок ранг и професионално менторство, со што ќе се обезбеди нивниот континуиран раст и усовршување“, изјави Стефан Јовановски, директор за човечки ресурси и култура во А1 Македонија.

Програмата A1 WayUp е платена, трае шест месеци и е организирана како полно работно време, со јасна насока кон развој преку работа на реални, иновативни и стратешки проекти.

Практикантите добиваат целосна поддршка од искусни ментори и тимови, како и сите бенефити и привилегии кои ги уживаат редовните вработени во компанијата во поглед на раст и развој. Дополнително, успешните учесници имаат и можност за вработување уште пред официјалниот крај на програмата, што ја потврдува посветеноста на А1 кон долгорочниот развој на талентите.

Оваа иницијатива е уште една потврда за стратешката визија на А1 Македонија, која континуирано вложува во создавање на инклузивна и динамична работна средина, со цел да го поттикне професионалниот развој и да ги подготви младите професионалци за предизвиците на иднината.

Контакт за медиуми А1 Македонија:

Емилија Зографска
Корпоративни комуникации
тел. ++389 75 400505
e-mail: emilija.zografska@A1.mk

Назад

Слични содржини

Card image cap

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

А1 Македонија ја отвора сезоната на празнични изненадувања и им подарува на сите мобилни корисници на A1 Net Sef дополнителни гигабајти и дополнителни опции за размена согласно тарифниот модел што го користат...

Дознај повеќе
Card image cap

ОХРИДСКО ЛЕТО И A1 МАКЕДОНИЈА ЈА ПОТВРДИЈА СОРАБОТКАТА И ВО НАРЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ

A1 Македонија со гордост ја најавува продолжената стратегиска соработка со престижниот културен фестивал „Охридско лето“...

Дознај повеќе