22.09.2025

А1 Македонија во срцето на фестивалската магија во Битола

Во пресрет на официјалното отворање на 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, А1 Македонија, како генерален спонзор, активно ја живее магијата на подготовките и атмосферата што го преплавува градот под Пелистер. Под мотото „Сон на платно“, фестивалот оваа година носи силна порака и за спојот меѓу уметноста и технологијата вредности што и самата А1 ги негува и поттикнува.

Во деновите што водат кон фестивалската недела (20–26 септември), тимот на А1 е присутен на лице место, придонесувајќи за организацијата и искуството на посетителите. Како дел од фестивалските активности, А1 ќе биде присутна на црвениот тепих, ќе воспостави WiFi free zones на неколку локации низ Битола, и ќе понуди дигитални искуства за публиката, со цел фестивалот да биде уште подостапен и поврзан.

„Секоја година како публика со нетрпение го очекуваме фестивалот “Браќа Манаки”, но оваа година како генерален спонзор, не само поради неговото културно значење, туку и поради можноста да бидеме дел од нешто што навистина инспирира. Фестивалот е платформа каде што уметноста и технологијата се среќаваат токму онаму каде што и А1 се позиционира. Преку нашата поддршка, сакаме да дадеме свој придонес кон развојот на креативните индустрии, но и да ја приближиме дигиталната трансформација до пошироката заедница“, изјави Бранкица Толевска, раководител на Оддел за бизнис трансформација, корпоративна стратегија и корпоративни комуникации во А1 Македонија.

Со присуството на фестивалот, А1 уште еднаш го нагласува своето залагање за поддршка на културниот и општествениот развој, и поттикнување на дијалогот меѓу уметноста и технологијата кои токму преку вакви платформи, стануваат едно.

Назад

Слични содржини

Card image cap

А1 Македонија со успех ја реализира првата конференција Content Positive 2025

А1 Македонија со гордост ја реализира првата конференција Content Positive 2025, една поинаква конференција, наменета за промоција на побезбеден и поквалитетен дигитален простор...

Дознај повеќе
Card image cap

А1 Македонија ги отвори вратите за новата генерација платена пракса преку програмата A1 WayUp

А1 Македонија го најавува официјалниот почеток на нова генерација млади таленти кои ќе ја следат платената пракса во рамките на реномираната програма A1 WayUp за 2025/2026 година...

Дознај повеќе