22.09.2025

А1 Македонија во срцето на фестивалската магија во Битола

Во пресрет на официјалното отворање на 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, А1 Македонија, како генерален спонзор, активно ја живее магијата на подготовките и атмосферата што го преплавува градот под Пелистер. Под мотото „Сон на платно“, фестивалот оваа година носи силна порака и за спојот меѓу уметноста и технологијата вредности што и самата А1 ги негува и поттикнува.

Во деновите што водат кон фестивалската недела (20–26 септември), тимот на А1 е присутен на лице место, придонесувајќи за организацијата и искуството на посетителите. Како дел од фестивалските активности, А1 ќе биде присутна на црвениот тепих, ќе воспостави WiFi free zones на неколку локации низ Битола, и ќе понуди дигитални искуства за публиката, со цел фестивалот да биде уште подостапен и поврзан.

„Секоја година како публика со нетрпение го очекуваме фестивалот “Браќа Манаки”, но оваа година како генерален спонзор, не само поради неговото културно значење, туку и поради можноста да бидеме дел од нешто што навистина инспирира. Фестивалот е платформа каде што уметноста и технологијата се среќаваат токму онаму каде што и А1 се позиционира. Преку нашата поддршка, сакаме да дадеме свој придонес кон развојот на креативните индустрии, но и да ја приближиме дигиталната трансформација до пошироката заедница“, изјави Бранкица Толевска, раководител на Оддел за бизнис трансформација, корпоративна стратегија и корпоративни комуникации во А1 Македонија.

Со присуството на фестивалот, А1 уште еднаш го нагласува своето залагање за поддршка на културниот и општествениот развој, и поттикнување на дијалогот меѓу уметноста и технологијата кои токму преку вакви платформи, стануваат едно.

Назад

Слични содржини

Card image cap

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

А1 Македонија ја отвора сезоната на празнични изненадувања и им подарува на сите мобилни корисници на A1 Net Sef дополнителни гигабајти и дополнителни опции за размена согласно тарифниот модел што го користат...

Дознај повеќе
Card image cap

ОХРИДСКО ЛЕТО И A1 МАКЕДОНИЈА ЈА ПОТВРДИЈА СОРАБОТКАТА И ВО НАРЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ

A1 Македонија со гордост ја најавува продолжената стратегиска соработка со престижниот културен фестивал „Охридско лето“...

Дознај повеќе