А1 Македонија донира и официјално предаде во употреба Центар за психолошка поддршка за младите во Кочани
Поттикнати од потребата за долгорочна психосоцијална поддршка во Кочани и регионот, А1 Македонија иницираше проект за создавање безбеден простор за младите и нивните семејства. Денес, таа иницијатива е успешно реализирана со официјално отворање на младинскиот центар „Гнездо“, развиен во партнерство со локалното здружение „Супортко“.
„Гнездо“ претставува простор за социјализација, емоционална стабилизација и заедничко закрепнување. Центарот ќе овозможи пристап до професионални психолошки услуги, групна работа, работилници и активности за младите од Кочани, со цел полесно справување со последиците од траума, стрес и нарушена социјална структура.
Донацијата од А1 Македонија целосно ја покри финализацијата на центарот, од опремување, ентериерно уредување до создавање на услови за стручно спроведување на програмите. Овој ангажман произлегува од корпоративната определба на А1 да биде активен чинител во општеството, особено во кризни и чувствителни моменти.
„Кога заедницата е погодена од ваков тип на криза, мора да се дејствува одговорно, брзо и со визија за иднината. Нашата иницијатива да се создаде простор за психосоцијална поддршка беше мотивирана од потребата младите во Кочани да добијат трајна, суштинска поддршка. Горди сме што како А1 Македонија придонесуваме младите да добијат поголема поддршка, а заедницата – простор исполнет со сила и надеж. Со ова, уште еднаш ја потврдуваме нашата улога – да бидеме партнер и поттик за позитивни промени во општеството,“ изјави Методија Мирчев, Главен извршен директор на А1 Македонија.
„Поддршката од А1 Македонија не беше само финансиска туку беше искрена заложба за заедницата. “Гнездо” е резултат на една одговорна иницијатива и на силно партнерство. Овој проект претставува пример за тоа како компаниите, преку стратешки иницијативи, можат да остават траен позитивен отпечаток врз заедницата, изјави Дарко Стоилов, претседател на здружението „Супортко“.
Со отворањето на „Гнездо“, Кочани добива повеќе од простор , добива симбол на солидарност, обновување и нова енергија.
НазадПоследни новости
-
А1 Македонија ги отвори вратите за новата генерација платена пракса преку програмата A1 WayUp
02.10.2025 -
А1 Македонија донира и официјално предаде во употреба Центар за психолошка поддршка за младите во Кочани
22.09.2025 -
А1 Македонија во срцето на фестивалската магија во Битола
22.09.2025 -
А1 Македонија продолжува да поставува нови стандарди за дигитално живеење
04.09.2025 -
“Охридско лето 2025“ во партнерство со А1 Македонија
14.07.2025
Слични содржини
А1 Македонија ги отвори вратите за новата генерација платена пракса преку програмата A1 WayUp
А1 Македонија го најавува официјалниот почеток на нова генерација млади таленти кои ќе ја следат платената пракса во рамките на реномираната програма A1 WayUp за 2025/2026 година...
Дознај повеќеА1 Македонија во срцето на фестивалската магија во Битола
Црвен тепих, WiFi free zones и средби со филмските визионери. Технологијата и уметноста заедно на „Браќа Манаки“...
Дознај повеќе

