04.09.2025

А1 Македонија продолжува да поставува нови стандарди за дигитално живеење

Скопје, 04 септември 2025 г. – Во годината кога А1 Македонија одбележува шест години од воведувањето на брендот, компанијата продолжува да инвестира во создавање извонредни дигитални искуства. Со визија за дигитална иднина која е поедноставена, поврзана и флексибилна, А1 денес го претставува унапреденото и ново A1 Combo портфолио, но сега со нови функционалности што го прават побогато од кога било досега. А1 го претставува и новото портфолио со тарифи за мобилни услуги A1 Alfa со збогатени можности во ултра популарниот и баран A1 Net Sef.

A1 Combo отсекогаш бил синоним за интегрирано дигитално решение, но со најновите надградби станува вистинска платформа за персонализирана комуникација, забава и поврзаност.

Со новите тарифи за мобилни услуги А1 Алфа корисниците ја добиваат уникатната можност зачуваниот интернет од услугата А1 Net Sef да го разменуваат со буџет за нов уред, за роаминг или за стриминг услуги, и тоа бесплатно засекогаш.A1 Net Sef прераснува во нова дигитална платформа каде корисниците на А1 се наградуваат за нивната лојалност,собираат GB во ултра популарниот A1 Net Sef , а потоа ги разменуваат за услуги согласно со нивните потреби. Корисниците на А1 Алфа кои се дел од A1 Combo пакет добиваат зголемени Combo попусти кои растат со бројот на линии кои се вклучени во пакетот.

“Нашата визија е јасна, да создадеме дигитална иднина каде технологијата не е само алатка, туку партнер што ги ослободува можностите на секој корисник. Со унапредената понуда поставуваме нов стандард за персонализација, флексибилност и контрола, овозможувајќи им на корисниците да го креираат своето дигитално искуство без ограничувања. Ова е стратешки чекор кон поврзана, поедноставна и побогата комуникација за сите. Досега, А1 Македонија ги потврди своите амбиции со континуирани инвестиции во врвни технологии, прва воведе 5G мрежа во земјата и развивме решенија што ги менуваат навиките на корисниците. Нашата посветеност е да бидеме први во донесувањето иновации што го трансформираат начинот на комуникација и забавата, и тоа ќе продолжиме да го правиме. А1 Македонија ќе остане лидер во иновациите, носејќи решенија кои го менуваат начинот на кој живееме и комуницираме, “изјави Методија Мирчев, Главен извршен директор на А1 Македонија.

Новите функционалности на A1 Combo се дизајнирани да одговорат на секојдневните навики, интереси и очекувања на современиот корисник. Сега, секој има можност сам да избере која стриминг услуга ќе биде дел од неговиот пакет и да избере Netflix, HBO Max, SkyShowtime или Gley и уште поважно, може да ја менува таа услуга секој месец, во согласност со актуелните содржини достапни на секоја од платформите. Освен стриминг услуги, бесплатно следуваат и ТВ пакети, а нивниот број зависи од тарифниот модел кој корисникот ќе го избере.

„Со новата понуда А1 оди чекор понатаму претворајќи се во вистинска платформа за поддршка на очекувањата на корисниците во дигиталното време. Централно место имаат персонализацијата, каде секој корисник може да си ја прилагоди понудата на своите потреби и очекувања, како и лојалноста на корисниците која со новото портфолио доаѓа во фокус, бидејќи бенефитите кои ги добиваат корисниците континуирано растат. Сето тоа е овозможено преку комплетно дигитално искуство во рамки на мобилната апликација Мојот А1 достапна бесплатно за сите А1 корисници “, изјави Елена Панова, директорка на маркетинг и дигитална трансформација во А1 Македонија.

Со ова збогатување на портфолиото, А1 Македонија уште еднаш докажува дека останува движечка сила на дигиталната трансформација, со јасна мисија да создава решенија што се едноставни, моќни и вистински релевантни за современиот начин на живот.

Назад

Слични содржини

Card image cap

А1 Македонија со успех ја реализира првата конференција Content Positive 2025

А1 Македонија со гордост ја реализира првата конференција Content Positive 2025, една поинаква конференција, наменета за промоција на побезбеден и поквалитетен дигитален простор...

Дознај повеќе
Card image cap

А1 Македонија ги отвори вратите за новата генерација платена пракса преку програмата A1 WayUp

А1 Македонија го најавува официјалниот почеток на нова генерација млади таленти кои ќе ја следат платената пракса во рамките на реномираната програма A1 WayUp за 2025/2026 година...

Дознај повеќе