“Охридско лето 2025“ во партнерство со А1 Македонија
Охрид, 13 јули 2025 – Со свечена церемонија во величествениот амбиент на Античкиот театар, синоќа беше отворено 65. издание на интернационалниот фестивал „Охридско лето“, водечката културна манифестација во земјата и во регионот.
А1 Македонија, како лидер во телекомуникациската индустрија, со особена гордост ја презема улогата на официјален партнер на фестивалот, со што уште еднаш ја потврдува својата континуирана посветеност кон вложување на заедницата. Преку оваа соработка, А1 Македонија ја зајакнува својата мисија за создавање подинамична културна сцена и поттикнување иновативни начини на интеграција помеѓу технологијата и уметноста, овозможувајќи подостапно и богато културно искуство за пошироката јавност.
“Партнерството со фестивалот „Охридско лето“претставува дел од стратешката определба на А1 Македонија да ги антиципира и да одговори на потребите на публиката, овојпат насочени кон овозможување богати културни содржини. Исто како и преку технолошките решенија што ги обезбедуваме, така и преку ова партнерство не само што сакаме да придонесеме кон збогатување на фестивалското доживување, туку и за приближување на културата до сите. Со гордост сме дел од настан што ја слави уметноста и ја промовира културата во меѓународни рамки”, изјави Методија Мирчев, Главен извршен директор на А1 Македонија.
„Овој фестивал не е само културен настан, туку живо сведоштво за нашата богата традиција и креативна енергија. Поддршката од А1 Македонија овозможува оваа приказна да добие нови димензии, со современ пристап и иновативен дух кој го обединува минатото и иднината,“ изјави Ѓорѓи Цуцковски, директор на фестивалот Охридско лето.
Фестивалската програма започна со голем симфониски концерт на Македонската филхармонија, под диригентската палка на Едвин Оутвотер (САД), со солистички настап на пијанистката Клер Хуангчи (САД). Концертот беше збогатен со иновативен 3D мапинг Рафаел Карико (Португалија), специјално подготвен за отворањето, со што се создаде вистинско аудиовизуелно доживување за публиката од земјата и странство.
Покрај својата улога како генерален спонзор, А1 Македонија активно учествува во фестивалската атмосфера во текот на целото лето со низа креативни и интерактивни содржини што публиката може да ги следи на А1 профилите на социјалните мрежи.
Во текот на наредните четириесет дена, „Охридско лето“ ќе понуди повеќе од 40 уметнички настани, вклучувајќи концерти, театарски претстави, визуелни уметности и крос-жанровски формати. Програмата ќе се реализира на неколку локации низ Охрид, а фестивалот ќе биде домаќин на врвни уметници од светот.
Годинешното јубилејно издание на „Охридско лето“ останува отворено за сите љубопитни умови и љубители на културата, со визија да инспирира, поврзува и збогатува преку моќта на уметноста и технолошките иновации.
Контакт за медиуми на А1 Македонија:
Емилија Зографска Корпоративни комуникации
Тел. ++389 75 400505
Е-пошта: emilija.zografska@A1.mk
Последни новости
-
Овој Валентајн, A1 Македонија и 6 скопски кафулиња ја отворија темата за safe dating
16.02.2026 -
А1 Македонија ја претставува револуционерната функционалност „ Подари на пријател“ за А1 Алфа корисници
02.02.2026 -
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници
04.12.2025 -
ОХРИДСКО ЛЕТО И A1 МАКЕДОНИЈА ЈА ПОТВРДИЈА СОРАБОТКАТА И ВО НАРЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ
19.11.2025 -
А1 Македонија со успех ја реализира првата конференција Content Positive 2025
17.11.2025
Слични содржини
Овој Валентајн, A1 Македонија и 6 скопски кафулиња ја отворија темата за safe dating
Одбележувањето на Валентајн минатиот викенд беше причина А1 да потсети дека, во време кога запознавањата се почесто започнуваат онлајн, безбедноста треба да биде неизоставен дел од секоја љубовна приказна...
Дознај повеќеА1 Македонија ја претставува револуционерната функционалност „ Подари на пријател“ за А1 Алфа корисници
А1 Македонија повторно го поместува лимитот на дигиталните можности, овозможувајќи уникатен начин за поврзување на корисниците преку своето портфолио...
Дознај повеќе

