“Охридско лето 2025“ во партнерство со А1 Македонија
Охрид, 13 јули 2025 – Со свечена церемонија во величествениот амбиент на Античкиот театар, синоќа беше отворено 65. издание на интернационалниот фестивал „Охридско лето“, водечката културна манифестација во земјата и во регионот.
А1 Македонија, како лидер во телекомуникациската индустрија, со особена гордост ја презема улогата на официјален партнер на фестивалот, со што уште еднаш ја потврдува својата континуирана посветеност кон вложување на заедницата. Преку оваа соработка, А1 Македонија ја зајакнува својата мисија за создавање подинамична културна сцена и поттикнување иновативни начини на интеграција помеѓу технологијата и уметноста, овозможувајќи подостапно и богато културно искуство за пошироката јавност.
“Партнерството со фестивалот „Охридско лето“претставува дел од стратешката определба на А1 Македонија да ги антиципира и да одговори на потребите на публиката, овојпат насочени кон овозможување богати културни содржини. Исто како и преку технолошките решенија што ги обезбедуваме, така и преку ова партнерство не само што сакаме да придонесеме кон збогатување на фестивалското доживување, туку и за приближување на културата до сите. Со гордост сме дел од настан што ја слави уметноста и ја промовира културата во меѓународни рамки”, изјави Методија Мирчев, Главен извршен директор на А1 Македонија.
„Овој фестивал не е само културен настан, туку живо сведоштво за нашата богата традиција и креативна енергија. Поддршката од А1 Македонија овозможува оваа приказна да добие нови димензии, со современ пристап и иновативен дух кој го обединува минатото и иднината,“ изјави Ѓорѓи Цуцковски, директор на фестивалот Охридско лето.
Фестивалската програма започна со голем симфониски концерт на Македонската филхармонија, под диригентската палка на Едвин Оутвотер (САД), со солистички настап на пијанистката Клер Хуангчи (САД). Концертот беше збогатен со иновативен 3D мапинг Рафаел Карико (Португалија), специјално подготвен за отворањето, со што се создаде вистинско аудиовизуелно доживување за публиката од земјата и странство.
Покрај својата улога како генерален спонзор, А1 Македонија активно учествува во фестивалската атмосфера во текот на целото лето со низа креативни и интерактивни содржини што публиката може да ги следи на А1 профилите на социјалните мрежи.
Во текот на наредните четириесет дена, „Охридско лето“ ќе понуди повеќе од 40 уметнички настани, вклучувајќи концерти, театарски претстави, визуелни уметности и крос-жанровски формати. Програмата ќе се реализира на неколку локации низ Охрид, а фестивалот ќе биде домаќин на врвни уметници од светот.
Годинешното јубилејно издание на „Охридско лето“ останува отворено за сите љубопитни умови и љубители на културата, со визија да инспирира, поврзува и збогатува преку моќта на уметноста и технолошките иновации.
Контакт за медиуми на А1 Македонија:
Емилија Зографска Корпоративни комуникации
Тел. ++389 75 400505
Е-пошта: emilija.zografska@A1.mk
Последни новости
-
А1 Македонија со успех ја реализира првата конференција Content Positive 2025
17.11.2025 -
А1 Македонија ги отвори вратите за новата генерација платена пракса преку програмата A1 WayUp
02.10.2025 -
А1 Македонија донира и официјално предаде во употреба Центар за психолошка поддршка за младите во Кочани
22.09.2025 -
А1 Македонија во срцето на фестивалската магија во Битола
22.09.2025 -
А1 Македонија продолжува да поставува нови стандарди за дигитално живеење
04.09.2025
Слични содржини
А1 Македонија со успех ја реализира првата конференција Content Positive 2025
А1 Македонија со гордост ја реализира првата конференција Content Positive 2025, една поинаква конференција, наменета за промоција на побезбеден и поквалитетен дигитален простор...
Дознај повеќеА1 Македонија ги отвори вратите за новата генерација платена пракса преку програмата A1 WayUp
А1 Македонија го најавува официјалниот почеток на нова генерација млади таленти кои ќе ја следат платената пракса во рамките на реномираната програма A1 WayUp за 2025/2026 година...
Дознај повеќе

