А1 Македонија ја носи најдобрaта филмска забава на едно место - избери, гледај и менувај стриминг услуги секој месец
Скопје, 29.05.2025 г. – А1 Македонија ја претставува својата најнова и уникатна стриминг понуда која овозможува пристап до четири водечки стриминг платформи – Netflix, Max, SkyShowtime и Gley – сите во еден пакет. Корисниците добиваат можност секој месец да изберат една стриминг услуга која сакаат да ја гледаат, со можност да ја заменат со друга по истекот на 30 дена. Оваа флексибилност им овозможува на корисниците сами да ја креираат својата филмска забава, според сопствените интереси и расположение.
„Со новата стриминг понуда им даваме на нашите корисници нешто повеќе од услуга – им даваме избор и флексибилност. Веруваме дека квалитетната забава треба да биде достапна и прилагодлива, а оваа понуда токму тоа го овозможува. Сакаме нашите корисници да се чувствуваат слободни да избираат, да менуваат и да уживаат, сè преку едноставна и интуитивна платформа. Ова е уште еден чекор во нашата мисија да донесуваме паметни дигитални решенија што одговараат на секојдневниот живот“, изјави Методија Мирчев, Главен извршен директор на А1 Македонија.
Понудата е особено поволна за сите нови корисници или оние кои го обновуваат својот договор со A1 Combo, бидејќи стриминг пакетот го добиваат бесплатно во период од шест месеци.
Дополнително, оние што ќе склучат или обноват договор на тарифниот модел A1 Net + A1 TV M, добиваат три месеци користење без претплата. По истекот на бесплатниот период, услугата продолжува по цена од 307 денари месечно и се додава на редовната месечна сметка. За да се искористи промотивната понуда, потребно е услугата да се активира најдоцна 30 дена по склучувањето или обновувањето на договорот.
Активацијата и промената на стриминг услугите се прават брзо и едноставно преку мобилната апликација „Мојот А1“, што овозможува комплетна контрола врз сопствената дигитална забава. Во зависност од избраната услуга, корисниците добиваат и дополнителни ТВ канали, како што се HBO, HBO2 и HBO3 или SkyShowtime 1 и SkyShowtime 2, што дополнително го збогатува искуството.
Оваа понуда е достапна и за постојните корисници на A1 Xplore TV, кои можат да го активираат стриминг пакетот преку „Мојот А1“ по месечна цена од 307 денари. Со оваа нова услуга, А1 уште еднаш го потврдува своето лидерство во донесувањето на иновативни, кориснички ориентирани решенија, кои нудат слобода на избор, практичност и врвна забава на едно место.
Повеќе информации се достапни на www.a1.mk или во најблискиот продажен салон на А1
Контакт за медиуми на А1 Македонија:
Емилија Зографска
Корпоративни комуникации
Тел. ++389 75 400505
Е-пошта: emilija.zografska@A1.mk
Последни новости
-
Овој Валентајн, A1 Македонија и 6 скопски кафулиња ја отворија темата за safe dating
16.02.2026 -
А1 Македонија ја претставува револуционерната функционалност „ Подари на пријател“ за А1 Алфа корисници
02.02.2026 -
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници
04.12.2025 -
ОХРИДСКО ЛЕТО И A1 МАКЕДОНИЈА ЈА ПОТВРДИЈА СОРАБОТКАТА И ВО НАРЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ
19.11.2025 -
А1 Македонија со успех ја реализира првата конференција Content Positive 2025
17.11.2025
Слични содржини
Овој Валентајн, A1 Македонија и 6 скопски кафулиња ја отворија темата за safe dating
Одбележувањето на Валентајн минатиот викенд беше причина А1 да потсети дека, во време кога запознавањата се почесто започнуваат онлајн, безбедноста треба да биде неизоставен дел од секоја љубовна приказна...
Дознај повеќеА1 Македонија ја претставува револуционерната функционалност „ Подари на пријател“ за А1 Алфа корисници
А1 Македонија повторно го поместува лимитот на дигиталните можности, овозможувајќи уникатен начин за поврзување на корисниците преку своето портфолио...
Дознај повеќе

