
A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до своите корисници
Скопје, 11. Ноември 2020г. Согласно измените на Законот за данок на додадена вредност објавени во Службен весник бр.267/2020, се овозможува издавање на месечни сметки во електронска форма, сè со цел да се намали користењето на сметки во хартиена форма. На овој начин се зголемува заштитата на јавното здравје и се поттикнува користењето на дигиталните алатки од страна на корисниците, како што се користење на електронска сметка и електронско плаќање од дома без непосреден контакт.
А1 Македонија ги известува корисниците дека месечните сметки од сега ќе бидат доставувани по електронски пат. Сите приватни корисници на А1, кои досега немаат активирано Е-сметка, ќе добијат известување преку СМС порака која ќе содржи линк, преку кој корисниците ќе можат бесплатно да ја преземат својата месечна сметка во електронска форма. На деловните корисници сметките ќе им бидат испратени електронски на нивната е-мејл адреса.
Со електронското доставување на месечните сметки, корисниците веднаш и навремено ќе имаат пристап до своите сметки во PDF формат, што придонесува кон зачувување на јавното здравје и превенција од COVID-19, како и зачувување на животната средина.
Електронското плаќање на сметките е достапно преку официјалната страница www.A1.mk/plati-smetka и преку апликацијата Мојот А1, каде корисниците лесно, брзо и безбедно може да ги платат своите сметки и услуги од А1, со платежна картичка и во секое време. Корисниците кои веќе имаат активирано Е–сметка ќе продолжат да ги добиваат месечните сметки на истиот начин и во истиот формат како и досега.
Со приемот на сметките во електронска форма, корисниците ги задржуваат истите права и обврски како и претходно. Доколку корисниците сепак сакаат да продолжат да ги добиваат месечните сметки во хартиена форма, потребно е да се јават на бесплатниот број 1278, во рок од 10 дена по добивањето на СМС пораката за електронската сметка.
Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.
НазадПоследни новости
-
Дигиталниот корисник и важноста на дигиталните канали во формирањето на корисничкото искуство
15.01.2021 -
А1 Game Fest 2020 и оваа година ги надмина очекувањата
23.12.2020 -
Новогодишните изненадувања од А1 Македонија се за секој поединец и за целото семејство
14.12.2020 -
Продолжуваат новогодишните изненадувања од А1 Македонија
02.12.2020 -
Горан Мауровски
18.11.2020
Слични содржини
А1 Game Fest 2020 и оваа година ги надмина очекувањата
A1 Македонија, организаторот на А1 Game Fest 2020, најголемиот е-спорт и гејминг настан во земјава, во соработка со GG.MK и оваа година понуди вистинска забава за сите гејмери, трет пат по ред, на фестивалот кој ги надмина очекувањата на учесниците и публ
Дознај повеќеПродолжуваат новогодишните изненадувања од А1 Македонија
Подарок за сите А1 корисници секој ден до 30 декември преку апликацијата “Мојот А1”
Дознај повеќе