
A1 Македонија со нови бенефити за при пејд корисниците на мобилната телефонија
Неограничено сурфање на омилените социјални мрежи со А1 Go Social Скопје, 4 ноември 2020г.
A1 Македонија ја надополнува својата понуда за корисниците на мобилната припејд телефонија со која бесплатно го добиваат неделниот пакет A1 Go Social за неограничено сурфање на омилените социјални мрежи.
Со секое онлајн надополнување на припејд кредит од најмалку 150 денари, A1 припејд корисниците бесплатно го добиваат неделниот пакет A1 Go Social со кој ќе можат неограничено да сурфаат на омилените социјални мрежи како што се Facebook, Instagram, TikTok, FB Messenger, Snapchat и WhatsApp, без да трошат дополнителен интернет.
Доколку корисникот во промотивниот период добил бесплатен A1 Go Social пакет и притоа направи ново онлајн надополнување пред целосно да го искористи постоечкиот пакет во рок од 7 дена, ќе му биде доделен нов бесплатен А1 Go Social пакет со важност во наредните 7 дена.
Надополнувањето е достапно преку апликацијата Мојот А1, преку веб-страницата www.A1.mk/nadopolni-kredit или преку префрлување на кредит од постпејд на припејд број. Бесплатниот пакет A1 Go Social важи од моментот на извршеното онлајн надополнување на припејд сметката и трае во наредните 7 дена.
Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.
НазадПоследни новости
-
A1 Xplore Music и Deezer лансираат нова ко-брендирана платформа за музика и подкасти
21.01.2021 -
Супер подарок со Е-сметка!
18.01.2021 -
Atlantic група
18.01.2021 -
Дигиталниот корисник и важноста на дигиталните канали во формирањето на корисничкото искуство
15.01.2021 -
А1 Game Fest 2020 и оваа година ги надмина очекувањата
23.12.2020
Слични содржини
Супер подарок со Е-сметка!
А1 подарува смартфон и телевизор за активација на електронска сметка
Дознај повеќеДигиталниот корисник и важноста на дигиталните канали во формирањето на корисничкото искуство
Денес корисниците имаат поголем пристап до информации од било кога. Сè е достапно со неколку клика на мобилните уреди – во секое време, од секоја локација, а најголем дел од информациите корисниците ги добиваат токму преку дигитални канали и тоа социјални
Дознај повеќе