
A1 Македонија со нови бенефити за при пејд корисниците на мобилната телефонија
Неограничено сурфање на омилените социјални мрежи со А1 Go Social Скопје, 4 ноември 2020г.
A1 Македонија ја надополнува својата понуда за корисниците на мобилната припејд телефонија со која бесплатно го добиваат неделниот пакет A1 Go Social за неограничено сурфање на омилените социјални мрежи.
Со секое онлајн надополнување на припејд кредит од најмалку 150 денари, A1 припејд корисниците бесплатно го добиваат неделниот пакет A1 Go Social со кој ќе можат неограничено да сурфаат на омилените социјални мрежи како што се Facebook, Instagram, TikTok, FB Messenger, Snapchat и WhatsApp, без да трошат дополнителен интернет.
Доколку корисникот во промотивниот период добил бесплатен A1 Go Social пакет и притоа направи ново онлајн надополнување пред целосно да го искористи постоечкиот пакет во рок од 7 дена, ќе му биде доделен нов бесплатен А1 Go Social пакет со важност во наредните 7 дена.
Надополнувањето е достапно преку апликацијата Мојот А1, преку веб-страницата www.A1.mk/nadopolni-kredit или преку префрлување на кредит од постпејд на припејд број. Бесплатниот пакет A1 Go Social важи од моментот на извршеното онлајн надополнување на припејд сметката и трае во наредните 7 дена.
Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.
НазадПоследни новости
-
Роботизацијата дел од дигиталната трансформација на А1 Македонија
08.08.2022 -
МИРАНА
06.07.2022 -
10GB за безгрижно сурфање во роаминг во 27 земји
01.07.2022 -
Извештај за квалитетот на мобилните мрежи спроведен од страна на АЕК
26.05.2022 -
“А1 Видео поддршка” – алатка за разговор во живо и одговори на најдеталните технички прашања
11.05.2022
Слични содржини
Роботизацијата дел од дигиталната трансформација на А1 Македонија
Денес роботизацијата на бизнис-процесите (RPA-Robotic Process Automation) е една од најважните двигатели на дигиталната трансформација на компаниите. Станува збор за софтверска платформа со која се автоматизираат бизнис-процеси...
Дознај повеќеПромис ДООЕЛ
Промис на македонскиот пазар е присутен повеќе од 30 години, со искуство во опремување на деловни простории како и одржување на хигиената на највисоко ниво...
Дознај повеќе