06.06.2018

Известување за корисници

Скопје, 6 јуни 2018г.

Вип ги известува корисниците дека на 7 јуни 2018г., поради технички причини кои се наложени од страна на Агенцијата за електронски комуникации ќе биде спроведена промена на DVB-T радиофреквенциските канали за емитување на програмски сервиси од зоната Стогово.

Како резултат на промената на каналите, ќе биде потребно претплатниците кои користат услуги на прием на ТВ програмски сервиси на територијата во оваа зона која ги опфаќа Дебар, Центар Жупа и Реканскиот регион со Ростуше, Битуше, Галичник и Лазарополе да направат повторно пребаруваље на каналите на своите приемници.

Благодариме за разбирањето.

Назад