Позитивна порака од А1 Македонија го осветли Скопското кале
Скопје, 20.9.2024г. – Пораката полна со оптимизам „Животот е прекрасен со тебе“, која е носечка порака во најновата кампања на А1 Македонија, од вчера вечер е испишана и на Скопското кале. Компанијата одлучи на своите сограѓани да им подари уметнички перформанс , несекојдневно доживување и уникатна глетка.
Визуелната проекција на Скопското кале е дел од кампањата на А1 со која има за цел да внесе свежина и позитивен дух со порака за заедничко креирање нови дигитални светови, кои се неопходни за секој член на семејството и за секој деловен ентитет независно од неговата големина.
„Сите ние живееме многу брзо и затоа сакаме да потсетиме дека животот е прекрасен со луѓето што се околу нас и со сè она што нè опкружува, а ние сме тука токму за тоа – да им овозможиме на сите наши корисници да ги споделат и да ги слават своите најважни моменти. Затоа велиме, ајде сите заедно да ги поместиме границите и да направиме живот прекрасен за сите“, изјави Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија.
„Животот е прекрасен со тебе“ е извадок од мегапопуларниот музички хит „Сакај ме“ на македонската поп-дива Каролина Гочева.
НазадПоследни новости
-
А1 Македонија партнер на 26. Скопје филм фестивал
29.10.2026 -
А1 Македонија втора година по ред генерален спонзор на ИФФК „Браќа Манаки“
11.09.2026 -
А1 Македонија и Националниот џез оркестар создадоа современа музичка приказна инспирирана од македонското културно наследство
03.07.2026 -
A1 Македонија почнува моќна национална кампања за поодговорно користење на технологијата во сообраќајот
18.05.2026 -
Овој Валентајн, A1 Македонија и 6 скопски кафулиња ја отворија темата за safe dating
16.02.2026
Слични содржини
А1 Македонија партнер на 26. Скопје филм фестивал
А1 Македонија со гордост го најавува партнерството со 26. издание на Скопје филм фестивал, кое од 4 до 9 ноември ќе донесе филмски откритија, авторски средби и заеднички доживувања пред големото платно...
Дознај повеќеА1 Македонија втора година по ред генерален спонзор на ИФФК „Браќа Манаки“
А1 Македонија го продолжува партнерството и втора година по ред е генерален спонзор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, чие 47. издание ќе се одржи од 19 до 25 септември во Битола...
Дознај повеќе