01.11.2024

Позитивна порака од А1 Македонија го осветли Скопското кале

Скопје, 20.9.2024г. – Пораката полна со оптимизам „Животот е прекрасен со тебе“, која е носечка порака во најновата кампања на А1 Македонија, од вчера вечер е испишана и на Скопското кале. Компанијата одлучи на своите сограѓани да им подари уметнички перформанс , несекојдневно доживување и уникатна глетка.

Визуелната проекција на Скопското кале е дел од кампањата на А1 со која има за цел да внесе свежина и позитивен дух со порака за заедничко креирање нови дигитални светови, кои се неопходни за секој член на семејството и за секој деловен ентитет независно од неговата големина.

„Сите ние живееме многу брзо и затоа сакаме да потсетиме дека животот е прекрасен со луѓето што се околу нас и со сè она што нè опкружува, а ние сме тука токму за тоа – да им овозможиме на сите наши корисници да ги споделат и да ги слават своите најважни моменти. Затоа велиме, ајде сите заедно да ги поместиме границите и да направиме живот прекрасен за сите“, изјави Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија.

„Животот е прекрасен со тебе“ е извадок од мегапопуларниот музички хит „Сакај ме“ на македонската поп-дива Каролина Гочева.

Назад

Слични содржини

Card image cap

А1 Македонија втора година по ред генерален спонзор на ИФФК „Браќа Манаки“

А1 Македонија го продолжува партнерството и втора година по ред е генерален спонзор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, чие 47. издание ќе се одржи од 19 до 25 септември во Битола...

Дознај повеќе
Card image cap

А1 Македонија и Националниот џез оркестар создадоа современа музичка приказна инспирирана од македонското културно наследство

Во пресрет на овогодишното издание на фестивалот „Охридско лето“, А1 Македонија ја претстави кампањата „Културна врска“, чиј централен дел е новата џез-интерпретација на легендарната македонска народна песна „Билјан

Дознај повеќе