Позитивна порака од А1 Македонија го осветли Скопското кале
Скопје, 20.9.2024г. – Пораката полна со оптимизам „Животот е прекрасен со тебе“, која е носечка порака во најновата кампања на А1 Македонија, од вчера вечер е испишана и на Скопското кале. Компанијата одлучи на своите сограѓани да им подари уметнички перформанс , несекојдневно доживување и уникатна глетка.
Визуелната проекција на Скопското кале е дел од кампањата на А1 со која има за цел да внесе свежина и позитивен дух со порака за заедничко креирање нови дигитални светови, кои се неопходни за секој член на семејството и за секој деловен ентитет независно од неговата големина.
„Сите ние живееме многу брзо и затоа сакаме да потсетиме дека животот е прекрасен со луѓето што се околу нас и со сè она што нè опкружува, а ние сме тука токму за тоа – да им овозможиме на сите наши корисници да ги споделат и да ги слават своите најважни моменти. Затоа велиме, ајде сите заедно да ги поместиме границите и да направиме живот прекрасен за сите“, изјави Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија.
„Животот е прекрасен со тебе“ е извадок од мегапопуларниот музички хит „Сакај ме“ на македонската поп-дива Каролина Гочева.
НазадПоследни новости
-
A1 Македонија почнува моќна национална кампања за поодговорно користење на технологијата во сообраќајот
18.05.2026 -
Овој Валентајн, A1 Македонија и 6 скопски кафулиња ја отворија темата за safe dating
16.02.2026 -
А1 Македонија ја претставува револуционерната функционалност „ Подари на пријател“ за А1 Алфа корисници
02.02.2026 -
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници
04.12.2025 -
ОХРИДСКО ЛЕТО И A1 МАКЕДОНИЈА ЈА ПОТВРДИЈА СОРАБОТКАТА И ВО НАРЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ
19.11.2025
Слични содржини
A1 Македонија почнува моќна национална кампања за поодговорно користење на технологијата во сообраќајот
A1 Македонија заедно со Министерството за внатрешни работи денеска и официјално ја претставија националната општествено одговорна кампања „Одговорно со технологијата“, насочена кон подигнување на јавната свест...
Дознај повеќеОвој Валентајн, A1 Македонија и 6 скопски кафулиња ја отворија темата за safe dating
Одбележувањето на Валентајн минатиот викенд беше причина А1 да потсети дека, во време кога запознавањата се почесто започнуваат онлајн, безбедноста треба да биде неизоставен дел од секоја љубовна приказна...
Дознај повеќе

