
Позитивна порака од А1 Македонија го осветли Скопското кале
Скопје, 20.9.2024г. – Пораката полна со оптимизам „Животот е прекрасен со тебе“, која е носечка порака во најновата кампања на А1 Македонија, од вчера вечер е испишана и на Скопското кале. Компанијата одлучи на своите сограѓани да им подари уметнички перформанс , несекојдневно доживување и уникатна глетка.
Визуелната проекција на Скопското кале е дел од кампањата на А1 со која има за цел да внесе свежина и позитивен дух со порака за заедничко креирање нови дигитални светови, кои се неопходни за секој член на семејството и за секој деловен ентитет независно од неговата големина.
„Сите ние живееме многу брзо и затоа сакаме да потсетиме дека животот е прекрасен со луѓето што се околу нас и со сè она што нè опкружува, а ние сме тука токму за тоа – да им овозможиме на сите наши корисници да ги споделат и да ги слават своите најважни моменти. Затоа велиме, ајде сите заедно да ги поместиме границите и да направиме живот прекрасен за сите“, изјави Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија.
„Животот е прекрасен со тебе“ е извадок од мегапопуларниот музички хит „Сакај ме“ на македонската поп-дива Каролина Гочева.
НазадПоследни новости
-
А1 Македонија е првата телекомуникациска компанија на домашниот пазар што нуди SkyShowtime
17.03.2025 -
Известување
11.11.2024 -
Нови А1 Business Ultra тарифи за деловни корисници
01.11.2024 -
Позитивна порака од А1 Македонија го осветли Скопското кале
01.11.2024 -
50 % роденденски попуст за 5 години А1
01.11.2024
Слични содржини
А1 Македонија е првата телекомуникациска компанија на домашниот пазар што нуди SkyShowtime
Како дел од стратешкото партнерство на А1 Телеком Австрија Групацијата со стриминг платформата SkyShowtime...
Дознај повеќеИзвестување
Ве известуваме дека на 12.11.2024 г. дојде до неочекуван прекин/деградација на услугите во реонот на Куманово. Имаше времен прекин на услугите за телевизија и интернет на Docsis технологија...
Дознај повеќе