01.11.2024

Позитивна порака од А1 Македонија го осветли Скопското кале

Скопје, 20.9.2024г. – Пораката полна со оптимизам „Животот е прекрасен со тебе“, која е носечка порака во најновата кампања на А1 Македонија, од вчера вечер е испишана и на Скопското кале. Компанијата одлучи на своите сограѓани да им подари уметнички перформанс , несекојдневно доживување и уникатна глетка.

Визуелната проекција на Скопското кале е дел од кампањата на А1 со која има за цел да внесе свежина и позитивен дух со порака за заедничко креирање нови дигитални светови, кои се неопходни за секој член на семејството и за секој деловен ентитет независно од неговата големина.

„Сите ние живееме многу брзо и затоа сакаме да потсетиме дека животот е прекрасен со луѓето што се околу нас и со сè она што нè опкружува, а ние сме тука токму за тоа – да им овозможиме на сите наши корисници да ги споделат и да ги слават своите најважни моменти. Затоа велиме, ајде сите заедно да ги поместиме границите и да направиме живот прекрасен за сите“, изјави Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија.

„Животот е прекрасен со тебе“ е извадок од мегапопуларниот музички хит „Сакај ме“ на македонската поп-дива Каролина Гочева.

Назад

Слични содржини

Card image cap

Известување

Ве известуваме дека на 12.11.2024 г. дојде до неочекуван прекин/деградација на услугите во реонот на Куманово. Имаше времен прекин на услугите за телевизија и интернет на Docsis технологија...

Дознај повеќе
Card image cap

Нови А1 Business Ultra тарифи за деловни корисници

А1 Македонија го лансираше новото А1 Business Ultra портфолио на мобилни тарифи за деловните постпејд корисници, креирано да обезбеди голем број придобивки за компаниите...

Дознај повеќе