01.10.2020

А1 Македонија со промотивна понуда за постпејд корисниците

Скопје, 1 октомври 2020г.- Постпејд корисниците на А1 имаат можност да добијат двојно повеќе интернет доколку преку апликацијата Мојот А1 активираат некој од пакетите за дополнителен национален мобилен интернет.

Водени од континуираната потреба за повеќе мобилен интернет на корисниците, телекомунициската компанија А1 овозможи промотивно зголемување на националните пакети за интернет, достапни преку мобилната апликација Мојот А1. Со активација на еден од пакетите со промотивен интернет корисниците добиваат двојно повеќе за иста цена и тоа со Net 2GB Promo за 149 денари корисниците добиваат 2GB мобилен интернет, со Net 4GB Promo за 199 денари корисниците добиваат 4GB, а со пакетот Net 10GB Promo за 299 денари корисниците добиваат 10GB.

Промотивната понуда може да се активира единствено преку Мојот А1 апликацијата што им овозможува на корисниците брзо и едноставно да го добијат потребниот интернет во моментот кога токму ним им е потребен. Промотивната понуда може да се искористи за еднократни активации, но и за пакети со автоматска реактивација.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

Назад

Слични содржини

Card image cap

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до своите корисници

Согласно измените на Законот за данок на додадена вредност објавени во Службен весник бр.267/2020, се овозможува издавање на месечни сметки во електронска форма...

Дознај повеќе
Card image cap

Ѓорѓе Војновиќ

Главен извршен директор на Триглав Осигурување

Дознај повеќе